Новите снимки откриваат облаци на Плутон?!

0
Десно на снимката најверојатно се гледа облак. Извор: НАСА.

Десно на снимката најверојатно се гледа облак. Извор: НАСА.

Новите снимки од Плутон најверојатно откриваат појава на облаци. Доколку овие информации се потврдат откритијата ќе имаат големо значење, укажувајќи на големата атмосферска активност на џуџестата планета. Снимките се направени од Нови Хоризонти и може да се забележи групирање на замагленост во воздухот и најверојатно станува збор за појава на облаци. Засега, не знаеме што може да го предизвикува формирањето на облаците, ниту пак каков би можел да биде нивниот состав.

Формите над Плутон за кои се претпоставува дека се облаци. Извор: НАСА.

Се претпоставува дека составот на облаците е сличен со оној на атмосферата на Плутон, која според научниците се состои од азот и делови од метан, ацетилен, етилен и етан.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFLS

Сподели.