Марс Извиднички Орбитер на НАСА фотографираше неверојатна слика од најскоро формираниот кратер на Марс. Малата вдлабнатина е лоцирана во близина на јужниот пол и се верува дека е настаната помеѓу јули и септември 2018. Сликата е фотографирана на 5ти октомври.
Метеоритот ја продупчил сезонската ледена капа/површина на јужниот пол и ја стопил мешавината од замрзнат јаглерод диоксид и воден мраз кој го покрива регионот за време на јужната зима на Марс. Импакторот го кренал црвениот песок во моментото на судир, расфрлајќи го и формирајќи ја оваа прекрасна слика со два тона. Распределбата на песокот и големината на кратерот може да ни каже многу за тоа што се случило.
Регионот во близина на кратерот очигледно го примал најголемиот дел од енергијата која потекнува од експлозијата, формирајќи го кратерот и топејќи го мразот. Но поширока експлозивна шема може да се види и истражувачите мислат дека песокот е видлив таму поради шок-бранот кој го стопил тенкиот слој мраз. Внатрешната шема од експлозијата може да е десетина пати поголема и ефектите од шок-брановите се видливи од многу подалеку.
Според резолуцијата на сликата, кратерот е околу 28 на 23 метри. Најверојатно причината за него е мал објект, со пречник од најмногу неколку метри. Проценувањето на ударното тело од големината на кратерот може да биде тешко бидејќи зависи од густината, брзината и аголот на импакт на објектот.
Неверојатната слика беше направена од страна на Научен експеримент за слики со висока резолуција, или HiRISE (High-Resolution Imaging Science Experiment), една од камерите поставена на Извидничкиот Орбитер на Марс. Камерата го има најголемиот отвор од било кој телескоп испратен во длабочината на вселената и е способна да препознае објекти кои се помали од еден метар. Го управуваат истражувачи на Универзитетот на Аризона.
Извидничкиот Орбитер на Марс е една од водечките мисии кои НАСА ги предводи на Црвената планета. Од орбиталното вметнување во 2005 година, тој има спроведено неверојатни набљудувања на Марс. Неговите камери, спектрометри и радари се користат за анализа на релјефот на земјиште, минерали и мраз на Марс. Проценил колкав дел од поларните капи се воден мраз, и пронашол солена вода која тече на површината. Исто така, внимава на роверите и слетувачите кои во моментов се на површината на Црвената планета.
Преведувач: Дејана Маркова
Извор: iflscience.com