Податоците од вселенското летало Нови Хоризонти на НАСА, кое претходно во текот на неделата го истражи Кајперовото тело Ултима Тули, секојдневно носат нови научни откритија. Некои од наодите на научниот тим на мисијата се:
– Првичната анализа на податоците не даде докази за постоењето на прстени или сателити со пречник поголем од една милја (1,6 километри) во орбита околу Ултима Тули.
– Анализата на податоци не покажа ни атмосфера.
– Бојата на Ултима Тули се совпаѓа со бојата на слични светови во Кајперовиот појас, што беше одредено со телескопски мерења.
– Двете топки на Ултима Тули – првиот посетен бинарен систем од Кајперовиот појас – се со речиси иста боја. Ова се совпаѓа со нашите познавања за бинарни системи кои немаат стапено во заемен контакт, туку орбитираат околу заедничка гравитациона точка.
Преносот на податоци од Нови Хоризонти ќе запре за околу една недела додека леталото поминува зад Сонцето, гледано од Земјата. Преносот ќе продолжи на 10ти јануари, започнувајќи дваесетмесечно симнување на остатокот на научните богатства на Нови Хоризонти.
Превод: Јоаким Јаковлески
Извор: jhuapl.edu