Нови изненадувања од последните истражувања на мистериозната Ѕвезда на Таби

0
Нови изненадувања од последните истражувања на мистериозната Ѕвезда на Таби

Телескопот Ален (Allen Telescope Array). Извор:Seth Shostak, SETI Institute

Истражувачите објавија нови докази за чудната Ѕвезда на Таби или KIC 8462852. За таа цел беа користени податоци од Кеплер и откриено е дека ѕвездата губи од светлината со неверојатна брзина. Приказната за Ѕвездата на Таби започна минатиот септември кога астрономот Табета Бојажиан (Tabetha Boyajian) од Универзитетот на Луизијана објави дека има аномалии и невообичаености во светлината на ѕвездата. Станува збор за низа од настани кога таа наеднаш во одредени делови привремено се затемнува, па повторно се нормализира. Во периодот од 2009-2013 светлината се затемнувала поинаку отколку кога би станувало збор за преминување на друга планета, со што би добиле привремени блокирања на дел од светлината. Објавените податоци наидоа на голем интерес кај научниците, но никој не успеа конкретно да ги објасни овие аномалии. На почеток на оваа година беше објавено дека ѕвездата од изминатиот век до сега има изгубено 19% од светлината. Но, овој извештај не беше добро прифатен и се сметаше за неисправен. Но, сега новиот тим научници повторно доби нешто слично како резултат. Според податоците од Кеплер од 2009 во текот на 1000 денови светлината на оваа ѕвезда е намалена околу 34%, што е речиси двојно повеќе од она што го укажувало претходното истражување. Уште почудно е откритието дека во текот на следните 200 денови ѕвездата се затемнила за уште 2,5% пред да дојде до нејзино израмнување.

Мноштво научници дадоа можни објаснувања за ова невообичаено однесување на ѕвездата. Теориите варираат од фактори како комети до вонземски живот, но засега овие аномалии и причините за нив ќе останат мистерија.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Phys

Сподели.