Астрономите открија нова најблиска црна дупка

0

Црните дупки се најекстремните објекти во универзумот. Супермасивните верзии на истите се незамисливо густи објекти, кои пак се наоѓаат во центрите на галаксиите. Црните дупки пак, кои спаѓаат во категоријата црни дупки близу сончева маса, односно оние кои тежат 5 до 100 пати повеќе од сончевата маса, се далеку почести и нивната бројка очекуваме да изнесува околу 100 милиони и тоа само во нашиот Млечен Пат.

блиска црна дупка

Заслуги: International Gemini Observatory/NOIRLab/NSF/AURA/J. da Silva/Spaceengine/M. Zamani

Сепак, до сега, само малку од нив се потврдени и забележани, и скоро сите од нив се “активни”, што значи дека истите сјаат во спектарот на X-Зраци како резултат на впивање на материјалот од блиските ѕвездени партнери, за разлика од неактивните кои не оддаваат сјај. Астрономите користејќи го телескопот “Gemini North” во Хаваи, успеаја да ја отктијат за сега најблиската црна дупка до нас, која ја крстија со името Gaia BH1. Оваа црна дупка има маса близу десет пати од масата на нашето Сонце, и се наоѓа на растојание од “само” 1600 светлински години што значи дека е три пати поблизу од следната наjблиска црна дупка. Најновото истражување е најправено благодарејќи на детални набљудувања на движењата на ѕвездата-партнер околу црната дупка, која е ѕвезда налик нашето Сонце која орбитира околу црната дупка на растојание како растојанието од Земјата до до Сонцето.

Превод: Бојан Андоновски

Извор: phys.org

Сподели.