Нов експеримент за потврда на фундаменталната симетрија во природата

0
фундаменталната симетрија во природата

Поглед кон детекторот Алис (ALICE). Заслуги: Antonio Saba / Wikimedia Commons

Физичарите ја потврдија фундаменталната симетрија во природата со помош на детекторот на масивни јони Алис (ALICE е акроним на англиското A Large Ion Collider Experiment) во рамки на LHC (Large Hadron Collider). Истражувачите од Универзитето Сао Пауло и Универзитетот на Кампинас со прецизни мерења на масата и електричниот полнеж на честичките ја потврдија симетријата помеѓу јадрата на честилка и античестичка во однос на полнежот, парноста и времето (познато како це-пе-те симетрија). Резултатот е објавен од Nature Physics на 17 август оваа година и ќе им помогне на научниците да ги разберат подобро законите во нашата Вселена.

Екипата го употреби Алис, иснструмент познат по својата прецизност и способност за идентификација, со цел да се измерат честичките при судирите на високоенергетските масивни јони. Целта на експериментот е да се види малата разлика во начинот на кој протоните и неутроните се врзуваат во јадрото и да го спореди тоа со нивните античестички во антијадрото. Се надеваат дека со Алис ќе може да се проучат тешките кварки, како шарм и убавина.

„По Големиот прскот, секоја честичка имаше своја античестичка. Во физиката на елементрани честички, многу е важно прашањето дали сите закони на физиката покажуваат одредена симетрија, позната како це-пе-те и овие мерења укажуваат дека навистина постои фундаментална симетрија помеѓу јадрото и антијадрото.“ изјави Марсело Гамеиро Муњоз, професот на Институтот за физика во Сао Пауло и член на бразилскиот тим во Алис.

Во нивниот експеримент, истражувачите ја мереа разликата во односот маса на единица полнеж за деутероните и антидеутероните, како и за хелиум 3 и антихелиум 3. Резултатите се комбинираат со резултатите од мерењата за протон и антипротон. Како знаеме, LHC е огромен забрзувач на честички, а Алис е посебен инструмент кој ги испитува судирите на тешките јони на олово. Кога се судираат лоните на олово тие ослободуваат огромна количина на честички и античестички. Податоците покажуваат дека честичките се врзуваат и формираат јадро на ист начин како и античестичките.

Екипата ја мереше кривината на трагата на честичките во магнетното поле на детекторот како и времето на прелет со цел да се одреди односот на маса полнеж. Има повеќе теории во однос на фундаменталините закони на Вселената и мерењата на масата и полнежот спроведени во овој експеримент се дел од истражувањата кон која тероија може повеќе да се потпреме. Муњоз тврди дека овие закони кои ги опишуваат заемодејствата на материјата се важни од аспект на тоа дека физичките својства не се менуваат со промена на знакот на полнежот, со смена на парноста, рефлексија во просторните координати и инверзија на времето. Клучно е прашањето дали законите на физиката остануваат исти при овие услови.

Превод: Александар Атевиќ

Извор: IFL Science

Сподели.