Сликите се сликани со Canon 5D mark II со 20 милиметарски објектив, со ISO 1600 и должина на експозиција од 30 секунди. Бидејќи фото-апаратот беше статичен (без следење на ѕвездите) забележлива е трага од ѕвезди при подетелниот преглед (зум), заради земјината ротација односно поместување на ѕвездите (Star Trailing). Површината е осветлена со техниката: боење со светлина (Light Painting) која се сведува на осветлување на површината и/или растенијата блиску пред фото-апаратот со рачна светилка во текот на експозицијата.
Фотографиите се сликани во RAW формат и обработувани во Camera Raw (составен дел од Фотошоп) и Фотошоп CS6, пред да бидат снимени во Jpeg формат. Од позначајните интервенции може да се издвојат зголемување на контрастот (преку Clarity ефектот во Camera Raw), намалување на шумот (преку Luminance Noise Reduction во Camera Raw) и зголемување на острина на одредени елементи во сликата (преку High Pass филтерот во фотошоп).
Текст: Горан Петров