Необјаснети 18 работи во науката – 3 дел

0
Заслуги: Shutterstock.com; wired.com

Заслуги: Shutterstock.com; wired.com

5. Ладна фузија

Ладната фузија, поим често маргинализиран, честопати се смета дека е многу значаен во полето на енергетиката. Ладната фузија за прв пат е откриена во 1989 г. од Стенли Понс и Мартин Флеисчман (тогаш водечки светски електрохемичари), изјавувајќи дека нивната направа произведува аномалиска топлина, во количини кои можат да се објаснат единствено со нуклеарни процеси.

Објавата наиде на голем восхит, што доведе до вложувања од страна на разни државни агенции. Ова претставувало билет во свет на бесплатна енергија и нов бран во науката. Откако неколку пати не дошло до повторување на резултатите, истражувањето се сметало како грешка. Од крајот на 80-те години од минатиот век, па се до денес, се извршени многу истражувања и исто толку тврдења за пронаоѓањето на вистинската формула за ладна фузија, но ниту една студија не е повторена во условите за да може сериозно да се истражува во ова поле.

Повеќето финансиски средства, со причина се поврзани со топлата фузија. Но, според еден истакнат научник од Универзитетот во Вашингтон, се уште е рано научниците да се откажат од ладната фузија.

6. Ултра – енергични вселенски зраци

Веќе со години физичарите се сретнуваат со вселенски зраци кои не би требало да постојат. Вселенските зраци се честици (во голем дел се протони, но, понекогаш и тешки атомски јадра) кои патуваат со брзини многу блиски до брзината на светлината. Некои вселенски зраци детектирани на Земјата се продукт на изразени енергични настани како суперновата, но, и понатаму не се знае изворот на најенергичните честици најдени во природата. Но, дури ни ова не е вистинска загатка.

Заслуги: granitegrok.com

Заслуги: granitegrok.com

Патувајќи низ Вселената, честиците на вселенските зраци ја губат енергијата во судирите со ниско – енергетските фотони кои ја осветлуваат Вселената, како оние во микробрановите позадински зрачења. Специјалната теорија на релативноста на Ајнштајн вели дека секој вселенски зрак кој доаѓа до Земјата од извор на нашата галаксија трпи толку судири што неговата максимална енергија ќе биде 5 x 109 електроволт – околу 8Ј.
Оваа бариера е позната како Greisen-Zatsepin-Kuzmin граница.

Меѓутоа, во последните десетина години, физичарите во неколку детектори открија вселенски зраци со енергија над ГЗК границата, слична на славната „Oh-My-God” честица, детектирана на 15 октомври 1991 г. во Дагвеј Провинг Граунд опсерваторијата. Нејзината проценета енергија е 3 x 1020 еV (50 J) – субатомска честица со кинетичка енергија на безбол топка фрлена со брзина од 100 км/ч!

Во теорија, таквите зраци можеле да дојдат само од нашата енергија – избегнувајќи ги исцрпувачките патувања низ вселената. Но, астрономите не можат да пронајдат извор од овие вселенски зраци во нашата галаксија. Значи, или едноставно не може да се види изворот на таквите честици кој се наоѓа пред “нашиот нос”, или нивното потекло е уште потаинствено отколку што се смета.

Меѓу предложените објаснувања за потеклото на таквите честици се наоѓаат неутронските ѕвезди, активните галактички јадра и супермасивните црни дупки, хипернови, блесоци на гама зраци, интеракции со темната материја … Списокот продолжува понатаму, што значи дека и понатаму немаме објаснување за ваквите девијации во очекуваните енергии.

Извор: Znanost

Превод: Петар Ивановски

Сподели.