Ненадеен излив на гама зраци се однесува чудно

0

Изливите на гама-зраци се најмоќните експлозии во космосот – енергијата во една секунда е еднаква на онаа која нашето Сонце ќе ја продуцира за време на целиот негов живот. А не се баш ретки, просечно по еднаш дневно може да се регистрираат траги од ваков настан. За жал сеуште никогаш не бил директно документиран, од почеток до крај. Сознанијата за нив се базираат само на фрагменти или остаточно зрачење.

Ново истражување укажува на интересна карактеристика на овој вид зрачење. Се смета дека овие експлозии се предизвикани од смртта на ѕвездите со голема маса. Колабирањето трае само неколку минути но зрачење се регистрира неколку денови до недели. Ова зрачење може да се набљудува на сите бранови должини, вклучително и видливата светлина. Тоа е и изворот на информации за астрономите, а клучот е во одредување на неговата поларизација. Настанува со сударот на материјалот од ѕвездата што умира и околните материи, но механизмот на настанување не е комплетно разбран, сеуште.

Иако различни теории предвидуваа различни нивоа на поларизација, сите досега се согласуваат дека не треба да има циркуларна поларизација во доменот на видливата светлина. Ова истражување ќе укаже токму на спротивното.

Со сателитот Swift набљудувана е галаксијата GRB 121024A. На изненадување на тимот детектирана е циркуларна поларизација. Ова значи дека проучуваната светлина има спирален правец на протегање низ Вселената.

Изливот на гама зраци виден на денот на изливот со ESO’s Very Large Telescope во Чиле. Заслуги: Dr Klaas Wiersema, University of Leicester, UK and Dr Peter Curran, ICRAR.

Научниците очекувале секоја трага од циркуларна поларизација да биде избришана поради радијацијата од електрони низ огромниот пат од милијарда светлосни години што го поминува зрачењето. Можеби електроните патуваат на некој посебен начин, кој останува да биде откриен.

Секако можноста дека ова е само случаен наод (дека останатите изливи од гама-зраци не се однесуваат вака) останува, но ваквите настани имаат потенцијал да ги поместат границите на науката над оној на лабораториските истражувања.

Превод: Милан Велков

Извор: Universe Today

Сподели.