Научниците мислат дека знаат каде може да се крие животот на Марс

0

Карпи во древни езера како тие проучувани од Кјуриосити можат да содржат траги од древни микроби. Заслуги: NASA/JPL-Caltech/MSSS

Пред четири милијарди години Марс не бил сува црвена пустина како денес. Имал течна вода и езера. Можеби дури и живот. Група истражувачи откриле нови докази за тоа каде трагите од тој живот може да се кријат. Според труд објавен во Журналот за геофизички истражувања Планети, седиментарните карпи богати со железо од поранешните крајезерски региони се најверојатно нашиот најдобар кандидат за наоѓање на фосилизирани остатоци од древни животни форми. Дури и да биле многу примитивни кога умреле.

Карпите на дното на езерата се многу интересни. Животот каков што го знаеме бара вода па доколку имало некогаш живот на Марс најверојатно би се развил близу вода. Микробите би нашле начин да дојдат до седиментите на дното на езерата каде калта и глината богата со железо и силициум диоксид кои евентуално би помогнале во нивната фосилизација. Кога водата се исушила и седиментите станале карпи било кои траги од древниот живот би биле зачувани во нив.

Ова истражување ќе игра голема улога во избирањето на цели за идните роверски мисии на Марс како Марс 2020 на НАСА и ExoMars на Европската Вселенска Агенција. Двете мисии се очекува да соберат примероци кои се надеваме ќе бидат пратени назад на Земјата за анализа.

„Постојат многу интересни карпи и минерални формации на површината каде би сакале да бараме фосили, но бидејки не може да пратиме ровери до сите нив, се обидовме да ги приоритизираме најветувачките депозити базирано на најдобрите достапни информации„ – вели водечкиот автор на трудот Д-р. Шон МекМахон, од универзитетот во Единбург.

Но тешко е да се дојде до овие достапни информации. Итернационалниот тим на истражувачи симулирал услови како оние на Марс за да разбере каква почва најуспешно би конзервирала биолошки траги милијарди години. Седиментарните карпи богати со железо изгледа се најдобрата опција. Ескпериментите морало да се направат во лабораторија бидејки карпите кои природно се формирале во истото време на Земјата не се добро зачувани. Тектонската активност која недостасува кај Марс ги уништува карпите.

Истражувачите искористиле податоци кои другите мисии ги собрале од Марс за да сфатат каква била црвената планета во минатото. Пред од 3 до 4 милиради години нејзиниот обемен воден резервоар и густа атмосфера можеби овозможиле создавање на живот. Сега треба само да чекаме и да видиме дали навистина имало живот на Марс во минатото.

Извор: IFLScience

Превод: Максим Осман-Николов

Сподели.