Научниците ја решија загатката на небесната археологија

0

Мистерија стара со децении само што беше решена од страна на интернационален тим на научници. Научниците од Универзитетот Личестер и Универзитетот Аризона проучуваа млади, врели бели џуџиња – супер густи ѕвезди со големина на земјата.

Познато е дека атмосферите на белите џуџиња имаат други елементи како што се јаглерод, силикон и железо освен хелиум и водород. Но како овие елементи настанале во ѕвездите?

“Точното потекло на овие елемнти се уште е мистерија” вели Професорот Барстоу од Универзитетот во Личестер. “Се веруваше дека овие елементи лебдеа повисоко од страна на интензивната радијација која доаѓаше од повнатрешните слоеви на ѕвездата”.
Сега научниците открија дека повеќето вакви ѕвезди имаат камени остатоци во нивните атмосфери што наведува дека порано постоеле планетарни системи.

Истражувачите испитаа 89 ѕвезди во кои се пронајдоа отпечатоци на јаглерод, силициум, фосфор, сулфур. “Откривме дека во ѕвездите со загадена атмосфера односот на силикон со јаглерод беше поголем отколку што може да се најде во ѕвезди или во меѓуѕвезден гас. Новите податоци покажуваат дека една третина од белите џуџиња имаат заразени атмосфери, oва укажува дека ѕвездите со големина колку сонцето или тие поголемите како што се Вега и Фомахалут, градат системи со планети. Овој вид на работа преставува еден вид на архелогоја каде што ги испитуваме рушевините од планетите, по смртта на главната ѕвезда”.

“Мистеријата на составот на овие ѕвезди е проблем кој пробувме да го решиме веќе 20 години. Возбудливо е да се пронајде дека тие проголтуваат планетарни системи како нашиот, со намера да ни кажат подетални информации за карпестиот состав на планетите кои биле во орбита на ѕвездата”.

Извор: phys.org

Превод: Андреј Костовски

Сподели.