Огромен чекор во потрагата по живот: научниците го одредија количеството прашина во планетарните системи

0
На фотографијата се споредени два уметнички прикази на планетарни системи. Околу едниот има значително повеќе прашина што претставува очигледна пречка при набљудувањето со телескоп бидејќи светлината од прашината се рефлектира многу повеќе и е далеку посјајна од онаа на планетите. Прашината ја рефлектира видливата светлина и зрачи со инфрацрвена или термална светлина. Според истражувачкиот проект на НАСА спроведен со телескопите од опсерваторијата Кек на Хаваи зрелите ѕведзи како Сонцето во просек имаат помалку прашина околу нив. Извор: NASA/JPL-CALTECH.

На фотографијата се споредени два уметнички прикази на планетарни системи. Околу едниот има значително повеќе прашина, што претставува очигледна пречка при набљудувањето со телескоп бидејќи светлината од прашината се рефлектира многу повеќе и е далеку посјајна од онаа на планетите. Прашината ја рефлектира видливата светлина и зрачи со инфрацрвена или термална светлина. Според истражувачкиот проект на НАСА спроведен со телескопите од опсерваторијата Кек на Хаваи зрелите ѕведзи како Сонцето во просек имаат помалку прашина околу нив. Извор: NASA/JPL-CALTECH.

Новото истражување од Интерферометарот Кек (Keck Interferometer), поранешен проект на НАСА кој ги користеше двата телескопи од опсерваторијата Кек, на Хаваи, ни донесе возбудливи новости од областа на потрагата по планети. По испитување на околу 50 ѕвезди во периодот од 2008 до 2011 година, научниците успеале да го утврдат количеството прашина околу далечните ѕвезди. Ова е огромен чекор за потрагата по планети со живот. Откритието ќе биде и официјално објавено на 8-ми декември во Astrophysical Journal.

Биле правени снимки со висока резолуција, користејќи техника која ја блокира ѕвездената светлина и овозможува полесно набљудување на околниот регион. Воедно, се спојувале снимките од двата телескопи во една, интегрирана снимка.
Прашината е меч со две острици кога станува збор за сликање на далечни планети. Самото присуство на прашината е индикација за процесот на формирање на планетите, но од друга страна премногу прашина го блокира и замаглува погледот.

Потрага по планети

Некои од телескопите веќе имаат направено слики од егзопланети. Станува збор за снимки од џиновски планети кои орбитираат во подалечните орбити, што значи дека најверојатно светлината од самата ѕвезда не спречува да го зебележиме присуството на поблиските планети. Затоа, научниците развија методи и инструменти за да се блокира ѕвездената светлина и да се добијат информации за присуството на планетите. Следниот чекор е директно сликање на некоја од помалите планети во зоните поволни за живот, односно во поблиските орбити. За оваа цел може да ни бидат потребни декади, но во секој случај научниците се на пат до ова достигнување. Со помош на оваа најнова студија од Кек ќе може полесно да се дознае колку прашина има околу ѕвездите, а со тоа и те како ќе се олесни истражувањето на планетите.

Проектот Кек Интерферометар започна во 1997-мата година, а ја заврши својата мисија во 2012 година. За неговото развивање и функционирање се погрижија JPL, опсерваторијата Кек и Егзопланетарниот Научен Институт на НАСА во Калтек.

Превод: Миахела Стојанова

Извор: phys.org

Сподели.