Наскоро: Телескоп доволно голем за забележување на Вонземски живот

0

elt-2011-02-cc

Керо Амазоните, планината во Чиле, ја очекува голема промена. На оваа локација ќе започне конструкција на област каде ќе се наоѓа најголемиот Телескоп некогаш изграден на нашата Земја—Европскиот Екстремно Голем Телескоп (European Extremely Large Telescope (E-ELT)). Иако името е прилично смешно, сепак тоа не кажува никакви лаги. Овој телескоп ќе биде 10 пати поголем од било кој друг телескоп и ќе биде доволно сензитивен да забележи потенцијален живот кој се наоѓа надвор од нашиот соларен систем.

Околу 24 метри од прашина и камен ќе бидат разнесени од врвот со цел да се подготви локацијата за конструкцијата на телескопот. Самиот телескоп ќе биде екстремно голем. Главното огледало ќе има дијаметар од 39 метри, што значи е далеку преголем за да биде инсталиран во еден дел. Потребни ќе бидат 800 огледални делови кои се со дијаметар од 1,4 метри. Секој дел ќе мора да биде инсталиран со голема прецизност со оглед на тоа што дури и микроскопски отстапувања ќе влијаат врз идните фотографии. Користењето на сегменти од огледало ќе овозможи истите да бидат и масовно произведени, што значи дека и самиот буџет на телескопот ќе биде низок.

Споменатата локација е избрана заради сувиот воздух кој го среќаваме на врвот од планината. Заради драстично намалената количина на капки од вода во воздухот, добиените фотографии од телескопот нема да бидат попречени. Телескопите кои се наоѓаат близу надморската височина мора да се справуват со маглата, што е неприфатливо за нивото на јасност која ќе се очекува од E-ELT. Просечната релативна влажност на оваа локација е 15%. Како за споредба, просечната релативна влажност во Феникс (локација која важи за пример со ниска влажност) е околу 36%.

Околу 20 километри подалеку, комплексот Паранал сместува 100 научници и додатен кадар кои работат со четирите Мноу Големи Телескопи, со кои овој тим имал впечатлив успех, при следењето на ѕвездите во центарот на нашата галаксија. E-ELT телескопот ќе ги надмине сите овие телескопи споени заедно. Заради неговата големина, телескопот ќе може да собира светлина околу 10 пати побрзо од постоечките телескопи, справувајќи се со осетливите проблемите кои моменталните телескопи не успаваат да ги совладаат.

Се очекува дека астрономите ќе почнат со користење на E-ELT телескопот во наредната декада. Најпрво овој телескоп ќе цели кон егзопланетите кои се налик нашата Земја, кај погодните зони од нивните ѕвезди домаќини, во потрага по првите сигнали од вонземски живот. Ова би претставувал најголемиот потфат за набљудувачката астрономија. Додатно, овој телескоп ќе ги набљудува едни од најстарите ѕвезди и галаксии во универзумот со цел да ги изучува темната материја и темната енергија. Со оглед на тоа што има доста време пред овој телескоп да стане функционален, како и големите напредоци кои се остваруваат со денешната технологија, E-ELT телескопот ќе биде искористен за истрага на прашања кои сеуште не се поставени.

Извор: IFLS

Превод: Бојан Андоновски

Сподели.