Досега НАСА не обрнувала многу внимание на Уран, но се чини сега е решена подолго и пољубопитно да ја испита оваа планета. И една од работите на кои ќе се насочат е гасот. НАСА планира да организира мисија до ледените џинови Уран и Нептун. Постојат четири можни мисии кои вклучуваат три орбитери и можно прелетување покрај Уран, сепак ќе се одбере само една. Планирана е да започне во 2030, како што е наведено во New Scientist.
Од овие, најпреферирана мисија е орбитер со атмосферска сонда за Уран или Нептун- ова ќе обезбеди најголема научна добивка и длабок поглед во сите структури на планетата (прстени, сателити, атмосфера, магнетосфера…) вели Ејми Симон.
Една од предложените мисии вклучува прелетување покрај Уран што ќе вклучи камера со тесен агол, која ќе се употреби за подобро визуелизирање на деталите пред се на сателитите на Уран, како и сонда која ќе биде спуштена во атмосферата на Уран за да ги измери концентрациите на гасовите и тешките елементи.
Војаџер 2 леташе блиску до Уран уште во далечната 1986 година. Леталото дојде само на 81500km од највисоките делови на атмосферата на Уран на 24 Јануари таа година и направи илјадници слики и собра огромни количини на научни податоци за планетата, прстените, сателитите, внатрешното и надворешното магнетно поле.
Од лансирањето на 20 Август 1977, маршутата на Војаџер 2 го однесе прво на Јупитер (Јули 1979г.), Сатурн (Август 1981г.) и тогаш на Уран. По Уран следната постојка беше Нептун (Август1989г.). Војаџер 2 како и неговиот близнак Војаџер 1 кога тогаш ќе го напуштат Сончевиот систем.
Сликите на Војаџер 2 на петте најголеми сателити на Уран открија комплексни површини со различно геолошко минато. Исто така тие открија 10 дотогаш неоткриени сателити.
Неколку инструменти го проучуваа системот од прстени откривајќи ги фините детали на познатите прстени, а открија и два нови прстени. Податоците од Војаџер покажуваат дека времето на ротација на планетата е 17 часа и 14 минути. Откриено е и магнетно поле на Уран кое е големо и необично. Исто така, температурата на екваторот (кој прима помалку светлина за една уранова година) е сепак иста како и температурата на северниот и јужниот пол.
Извор: Science Doesn’t Care What You Believe
Превод: Milan Velkov