НАСА откри формации кои потсетуваат на порака во Mорзeова азбука на површината на Марс

0

НАСА откри чудни точки и линии по површината на Марс, кои неверојатно многу потсетуваат на кодовите од Mорзeова азбука. Снимката била направена на 6-ти февруари оваа година од страна на орбитерот МРО, кој го истражува Марс уште од 2005-та година. Ако се препуштиме на фантазијата, би помислиле дека станува збор за порака која ни ја испраќаат некои вонземјани, барајќи помош од нас или пак, нешто друго. Всушност, станува збор за испакнатини во облик линии кои се оформиле поради дување на силни ветришта во различни правци. А точките, пак, настануваат кога има ненадејни краткотрајни промени кај двонасочните ветришта.

Сепак, сè уште не сме комплетно сигурни како се создаваат овие геолошки појави, па затоа ова откритие е мошне интересно за научниците.

Сепак, за забавни цели од Универзитот на Аризона ја довршиле работата и ја декодирале „пораката“, па го добиле следното: „NEE NED ZB 6TNN DEIBEDH SIEFI EBEEE SSIEI ESEE SEEE.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFL Science

Сподели.