НАСА објави мапа на удари од мали астероиди во Земјата

0
Овој дијаграм ја прикажува мапата на удари од мали астероди во атмосферата, направена со податоци од 1994 до 2013 година. Големините на црвените точки ( дневните удари) и сините (ноќните удари) се пропорционални со оптички емитираната енергија од ударите, измерена во милијарди Џули (GJ) енергија. Извор: Planetary Science

Овој дијаграм ја прикажува мапата на удари од мали астероди во атмосферата, направена со податоци од 1994 до 2013 година. Големините на црвените точки (дневните удари) и сините (ноќните удари) се пропорционални со оптички емитираната енергија од ударите, измерена во милијарди Џули (GJ) енергија. Извор: Planetary Science

Мапата на објектите од близина на Земјата, т.н. NEO (Near Earth Object) открива дека малите астероиди често влегуваат во нашата атмосфера со неодредена разместеност низ глобусот. Мапата беше објавена од НАСА и ги визуелизира податоците направени со сензорите на Соединетите Американски Држави во периодот од 1994 до 2013 година. Податоците укажуваат дека атмосферата била мета на удар од мали астероиди 556 пати во текот на 20 години. Скоро сите астероди биле безопасни, а како најголем исклучок во овој период е познатиот астероид од Челјабинската област. Истражувањата од ваков тип ќе помогнат за полесно предвидување на идните удари од астероиди, вклучувајќи ги и оние поголемите.

Пронаоѓање на опасностите од удари од астероди е еден од најголемите приоритети на НАСА. Токму затоа, во текот на последните 5 години тие значително го зголемија буџетот за детекција и анализа на астероиди, а во план се и мисии за посета на астероид, развивање на одбранбени стратегии преку нивно пренасочување или со помош на други техники.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Phys.org

Сподели.