НАСА ја прави технологијата на „Ѕвездени патеки“ реална

0

Технологиите од серијалот „Ѕвездени патеки“ сè повеќе и повеќе се реалност во нашите секојдневни животи. Прашајте кого било што поседува телефон или очила за виртуелна реалност. Сепак, колку се реални овие технологии денес во Вселената, 50 години по премиерата на најпознатата ТВ серија за научна фантастика? Додека технологиите за ворп-погон и транспортери остануваат далечни, НАСА користи технологија во Вселената која наликува на онаа на вселенскиот брод Ентерпрајз (Enterprise).

НАСА ја прави технологијата на „Ѕвездени патеки“ реална

Вселенското летало Зора (Dawn) користеше футуристични јонски мотори за да лета помеѓу астероидот Веста и џуџестата планета Церера. Јонскиот погон е еден од многуте технологии на „Ѕвездени патеки“ кои НАСА се обидува да ги направи. Заслуги: НАСА

Петгодишно планирање на мисии

Еден од клучните начини на кои НАСА прави имитација на Ѕвездените патеки е тоа што бара начини за луѓе да престојуваат во Вселената со години, без потреба од постојани пратки за снабдување од Земјата. Ова во пракса е користењето на Меѓународната Вселенска Станица како тло за испробување на технологија со која астронаутите можат да го продолжуваат нивниот престој во Вселената, а која еден ден може да се користи за долгото патување кон Марс.

Астронаутите на станицата користат рециклирана вода, најмногу од урина, но НАСА сака да го зголеми нивото на рециклирање кое сега е отприлика 80%.

Бидејќи луѓето имаат многу сол во урината, НАСА додели договор вреден 5,1 милион долари на корпорацијата „Paragon Space Development“ за да направат обработувач на солени раствори кој ќе може да се однесе на станицата во 2018. Од овој апарат се очекува да го отстранува солениот раствор и да рециклира до 94% од водата во урината.

Тековниот развој на технологија дозволува астронаутите да прават свои алати со 3Д принтање и да користат атмосферски сензори за проверување на зарази во воздухот во нивните кабински средини. Тие сензори користат мали верзии на големи гасовни хроматографи и единици за масовна спектрометрија кои идентификуваат разни супстанци во примероци. Сензорите имаат големина на тостер.

Сите овие работи се корисни за земање во предвид за праќање екипаж до Марс во Орион летало, заедно со еден до три модули за живеење кои би дале повеќе простор. Ова летало „Орион плус“ најверојатно би имало соларно-електричен погон – мотори кои јонизираат благородни гасови за да дадат мало ниво на погон и да работат долги периоди.

Движење низ Вселената

Една форма на соларно-електричен погон е јонскиот погон, кој беше искористен кај леталото Зора кое сега орбитира околу џуџестата планета Церера.

Постои листа на технологии од „Ѕвездени патеки“ која е достапна на интернет страната на НАСА во различни верзии од 1993 и која понекогаш се надоградува. Во последно време има нови додатоци. Ласери се користени за да се испратат пробни комуникации до Месечината. НАСА симулира нови вселенски транспортни системи користејќи суперкомпјутери. „Супер-телескопи“ како Кеплер и Хабл откриваат нови и чудни светови од далечина. Дури, има и андроиди на Марс.

Иако не се во форма како г-дин Дата (Mr. Data, андроидот во „Ѕвездени патеки“), роверот Кјуриосити и сличните на него во суштина се роботски. Автономни се и вршат дејствија според план, без моментална човечка интервенција.

Пожарна безбедност

Вселенската станица Мир, која работеше од 1986 до 2001 година, искуси сериозен пожар  во доцната оперативна фаза. Затоа, НАСА и руските партнери на Меѓународната Вселенска станица се многу свесни за опасноста од пожари за човечкиот живот во Вселената. Огнот се однесува многу поразлично во микрогравитација и се разбира дека никој не сака да прави тестови близу астронаути. Разбирањето како да се обезбедат астронаутите од пожар е многу важно за долги вселенски престои.

Идејата на НАСА е да се постави оган внатре во леталото Лебед (Cygnus) откога ќе се оддели од станицата во мисија наречена Пожарен експеримент на вселенско летало, серија Сафир (Saffire). Првиот експеримент во серијата се направи во јуни на крпа од стаклена волна и памук со големина од 41 на 94 сантиметри, крпа позната како SIBAL (Solid Inflammability Boundary at Low Speed) или Цврста граница на незапаливост на ниска брзина.

Сафир–2  ќе има девет помали сегменти и Сафир–3 ќе има повторно голем примерок. При четвртиот, петиот и шестиот тест НАСА планира да донесе сензор за производ од запалување да го надгледува експериментот – напредна верзија на детектор на дим. Тој користи ласери за да наоѓа хемиски соединенија емитувани пред човекот да може да знае дека има дим.

Вработените во НАСА продолжуваат да гледаат „Ѕвездени патеки“ како инспирација за повеќе такви вселенско истражувачки технологии.  Има доста вработени во НАСА кои се љубители на оваа серија и тие се обидуваат да ги остварат технологиите искористени во неа.

Создавање ворп-погон

Идеата позади тоа да се промени простор-времето за да се патува побрзо од светлината – основата на ворп погон – може да стане вистинската основа за следната фаза во модерната физика.

На пример, научниците имале успех со експерименти кои вклучуваат кванатна телепортација. Тоа е процесот на „телепортирање“ многу мали атоми или молекули од една локација до друга. Овие честици не патуваат, туку престануваат да постојат во едно место и почнуваат да постојат во друго. Квантната информација на објектот оди од едно место на друго.

Се верува дека квантна телепортација функционира бидејќи секоја честичка во Универзумот е поврзана со секоја друга честичка преку црвја дупка – некој вид на врска преку простор-времето за која сега се дознава. Се тоа е сè уште теоретско, но експериментите бараат да стане реално.

Сега, научниците ја истражуваат поделбата помеѓу времепросторот. Можно е да има многу длабока, скриена и физичка врска која може да се искористи за да се направи ворп погон или телепортер. Оваа идеја постои и моментално е истражувана во модерната физика.

Во прилог, погледнете го инфографикот за науката применета во технологијата на „Ѕвездени патеки.“

НАСА ја прави технологијата на „Ѕвездени патеки“ реална

Од каде дојде супернаучната технологија? Заслуги: Karl Tate, Space.com Infographics Artist

Превод: Јован Милосковски

Извор: Live Science

Сподели.