НАСА го објавува првото Светско „Глобално селфи“

0
Дали може да се пронајдете ? Заслуги: НАСА

Дали може да се пронајдете ? Заслуги: НАСА

Со цел, одбележување на Денот на Земјата, оваа година НАСА побара од светот да направи селфи. На овој повик одговорија повеќе од 50 000 луѓе, а резултатот претставува масивен мозаик од 3.2 гигапиксели, од нас, вклопени со временските сателитски слики земени од истиот тој период.

Според информациите од НАСА, луѓе од сите континенти поднеле селфи, односно од 113 држави и региони севкупно започнувајќи од Антартикот до Јемен, Гренланд до Гватамала, Микронезија до Малдивите, Пакистан, Полска, Перу итн.

Заслуги: НАСА

Сликата од временските услови, вклопени со сликите од површината, се сликани од можеби најнапредниот сателит кој денеска постои, а тоа е поларниот сателит Суоми кој е лансиран во 2011-та година. Овој сателит претставува главниот високо-резолуциски набљудувач за временска прогноза на Земјата. Сателитот овозможува слики со зголемена резолуција на бојата на Земјата со 10 канали на боја (наспроти класичните RGB). Впечатливата разлика им помага на научниците да ги подобрат прогнозите за снежните бури, торнадата како и за создавањето на ураганите. Сателитот Суоми орбитира околу Земјата на секои 102 минути.

Изгледот на сликата од сателитот Суоми сликана на денот на Земјата, пред да биде споена со селфи сликите. Заслуги: НАСА

Иако, кога станува збор за НАСА, повеќето помислуваат кон меѓупланетарни истражувања и вчудоневидувачки слики од далечни галаксии, сепак агенцијата НАСА работи на низа сателити кои се фокусирани на Земјата. Доколку предвидувањата одат по план, до крајот на 2014-та година, 5 нови големи сателити ќе се наоѓаат во орбитата на Земјата. Ова значи дека за една година ќе имаме повеќе „очи“ за набљудување кон нашата Земја, отколку што имавме во претходната декада.

Интерактивен пребарувач на мозаикот е достапен на GigaPan.

Извор: Slate

Превод: Бојан Андоновски

Сподели.