Направена е досега најдобрата фотографија на егзопланета

0
Комбинација од 30 минутни фотографии направени со Gemini Planet Imager од планетата Beta Pictoris б (светлата точка) која орбитира околу нејзината ѕвезда.

Комбинација од 30 минутни фотографии направени со Gemini Planet Imager од планетата Beta Pictoris б (светлата точка) која орбитира околу нејзината ѕвезда.

Неодамна беше објавено дека е направена досега најдобрата фотографија на егзопланета која орбитира околу својата ѕвезда. Веста ни дојде од тим научници кои работат на телескопот Гемини во Чиле, познат како Gemini Planet Imager (GPI).

Станува збор за планетата Бета Пикторис б, оддалечена околу 63.5 светлосни години од нас со орбита долга 20.5 години.

Фотографирањето на далечни планета е навистина комплицирана и тешка работа бидејќи како еден од најголемите проблеми е многу посјајната ѕвезда околу која тие се наоѓаат. Токму затоа овој тим корисел многукратни техники, односно фотографирал со коронограф користејќи ниски спектрални резолуции, високи просторни и така успеал да го маскира директното зрачење од ѕвездата, а ја доловил светлината која се одбива од околните планети.

Планетата Бета Пикторис б е гасовит џин, со големина слична на Јупитер, а нејзината ѕвезда е мошне помлада од Сонцето и има само 12 милиони години.

Од тимот најавуваат дека ќе продолжат со фотографирање на егзопланети, во план се околу 600 кандидати. Со ова ќе се помогне при проучувањето на орбитите и прецизно утврдување на нивните маса и старост.

Прочитајте повеќе на: DOI: 10.1073/pnas.1304215111

Превод: Михаела Стојанова

Извор: phys.org

Сподели.