Изминатиот период беше доста интересен за истражувањата во физиката. Повеќето од новостите беа поврзани со Космосот, или поточно како работите станале она што се денес. Еден тим на физичари предложи објаснување за загатката поврзана со потеклото на материјата во Универзумот, тврдејќи дека асиметријата на материјата и антиматеријата би можела да биде поврзана со Хигзовиот бозон. Друг тим на научници пак, се запрашаа како може просторот да патува побрзо од брзината на светлината? Доколу ништо не може да патува побрзо од светлината, тогаш, како е возможно да постојат делови од простор-времето каде фотоните на светлината се засекогаш надвор од досег? Понатаму, уште еден тим се запраша дали можеби класичната физика е еднакво чудна со квантната теорија – тие покажаа дека објективноста, детерминизмот и независноста се меѓусебно некомпатабилни кај било која теорија.
Во новостите за Вселената, тим од истражувачи толкуваа дали би можело да постои уште една планета позади Сонцето. Поточно, тие користеле наука со цел да се одгатне овој мит, еднаш засекогаш: Не, не постои уште една планета како нашата која се наоѓа позади нашето Сонце. Точка. Во меѓувреме, друг тим ја дискутирал другата „месечина“ на Земјата и како нејзината необична орбита би можела да открие одредени мистерии за Сончевиот систем. 3753 Cruithne орбитира околу нашата планета во квази-орбита со форма на потковица, при што се тетерави и застранува во одредени насоки. Дополнително, друг тим објави труд за проаноѓањето на монструозно голема црна дупка – најсветлиот квазар кај раниот Универзум.
Во останатите вести, претставниците во Калифорнија објавија конструкција на 8-километарски Hyperloop транспортен систем во наредната година – тоа е проектот кој беше смислен од страна на Елон Маск кој цели кон сместување на патниците внатре во туби кои потоа достигнуваат брзини од 320 километри во секунда, користејќи фенови и магнети. Додатно, тим од истражувачи откри дека широкораспространет адидитив предизвикува колитис, прекумерна дебелина и метаболичен синдром, а тим од Русија објави дека се пронајдени додатни нови кратери во околината на Сибир, за кои се верува дека се поврзани со глобалното затоплување, ваквото ненадејно појавување на овие кратери причинува грижи за јавната безбедност.
И за крај, доколку ви е смачено од вашето тело, тогаш можеби во блиска иднина ќе можете да добиете ново, со оглед на тоа што еден хирург даде идеи за извршување на трансплатација на човечка глава.
Превод: Бојан Андоновски
Извор: Phys