Научниците од неодамна успеаа да одговорат на едно од прашањата кои би можеле да влијаат на идните истражувања во вселената – каде во Сончевиот систем може да се пронајде најдобар помфрит? Одоговорот е, на Јупитер!
Во истражувањето објавено во списанието “Food Research International ” се наведува дека научниците во Европската вселенска агенција (ЕСА) ја испробувале нивната лабораториска центрифуга, за да видат кои гравитациски услови ќе произведат совршено пржен помфрит. Користејќи посебно длабока фритеза, научниците од Универзитетот “Аристотел” во Солун, тестирале компири во различни гравитациски услови. Сондите биле вметнати во примероците, за да го следат протокот на топлина во текот на целиот процес на пржење компири.
Ова им овозможило да пржат компири додека центрифугата се вртела подигнувајќи го така системот за од 1.8 до 9 пати Земјината гравитација (Гс). Како се зголемувала гравитацијата во фритезата, така научниците приметувале дека различна јачина на гравитацијата влијае на преносот на топлината во компирите. Исто така, различните пржења на компирите влијаеле на крцкавоста на нивната тенка кора. Направените истражувања покажале дека за оптимална крцкава тенка кора помфритот мора да се пржи под агол од 0 С˚ и под 3 Гс.
Токму Јупитер има три пати поголема гравитација од Земјата и поради тоа има идеални гравитациски услови за правење на совршени пржени компири.
Иако ова истражување може да делува многу фантастично и измислено, неговата цел е всушност, да ги открие карактеристиките на готвење во различно гравитациско опкружување за потребите на идните вселенски патници.
Извор: Discovery
Превод: Петар Ивановски