Курсот по астрономија за деца продолжи со денешното предавање за Месечината. На овој час учевме за единствениот природен сателит на Земјата и воедно најголемиот сателит во однос на матичната планета, во случајот нашата планета Земја. Дадовме објаснување за структурата и составот на Месечината, каде што направивме разлика помеѓу кратерите кои се последица на удари од астероиди и т.н мориња кои претставуваат мазни региони, во минатото наполнети со лава. Покрај теоретскиот дел, овој час беше одржан како надворешна активност со што децата преку професионален телескоп со зголемување можеа да ја видат површината на Месечината одблиску и нејзините кратери.
Фотографии: Моника Тодевска