На овој начин SpaceX планира да слета на Марс

0

Oваа недела SpaceX јавно објави дека сака да слета луѓе на Марс, со серија слики откривајќи како можеби ќе го направат тоа.

Овие уметнички прикази покажуваат како тие можат да ја пренаменат нивната капсула „Змеј“ (Dragon) за слетување на Марс. Капсулата досега има летано без екипаж, но во серија слики се открива како би изгледала варијантата која може да носи луѓе.

Минатата недела истражувачите дискутирале за искористување на капсулата во сегашна конфигурација без екипаж, за мисија на Марс која ќе има за цел да врати примероци од почвата лансирана во 2022 г. Мисијата е наречена „Црвен Змеј“ (Red Dragon) и тоа би била првата мисија која ќе донесе примероци на Земјата од Марс.

Заслуги: SpaceX

Слетувањето на Марс сепак не е лесно. Атмосферата е тенка што е пречка и предност истовремено. Кога слетуваат на Земјата вселенските летала треба да имаат моќен топлотен штит да одбиваат доволно топлина при влез во атмосферата, но атмосферата во исто време повторно ја намалува брзината на леталото. Атмосферата на Марс не би успеала значително да успори поголемо летало.

Заслуги: SpaceX

Заслуги: SpaceX

За предходните мисии на Марс, НАСА користеше воздушни перничиња со кој објектот скока по површината. Овие летала беа лесни и затоа роверот Кјуриосити (Curiosity) користеше нов ракетен систем да слета бидејќи беше претежок за техниката со перничиња. За да слета „Црвениот Змеј“, поставени се неколку мотори на страната на капсулата што ќе ја успорат по влез во атмосферата.

Заслуги: SpaceX

Во моментот SpaceX развива ракета наречена „Falcon Heavy“ – џиновска ракета која ќе ја користат во идните мисии на Марс.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: IFL Science

Сподели.