На кој начин црните дупки ги проголтуваат ѕвездите?

0

Астрономите од Тексашкиот Универзитет од Остин, САД, во соработка со колегите од Харвард, ги тестираа основните принципи кои важат за астрофизичките објекти, како што се црните дупки во состојба на мирување. Резултатот е дека материјата целосно исчезнува во текот на нејзиното вовлекување во црната дупка, што е нова потврда на Ајнштајновата општа теорија на релативност.

Многу од научниците се сложуваат дека црните дупки се вселенски објекти со толку силна гравитација, што ништо не може да им избега и дека се обвиени со т.н. хоризонт на настани. Доколку материјата или енергијата доволно се приближат до црната дупка, доаѓа до нејзино вовлекување во црната дупка. Иако се верува дека хоризонтот на настани постои, тоа до денес не е утврдено. Според научниците на Тексашкиот Универзитет, целта е да проверат дали хоризонтот на случувања постои или не.

На кој начин црните дупки ги проголтуваат ѕвездите?

Паѓање на ѕвезда во супермасивна црна дупка. Заслуги: mcdonaldobservatory.org

Се смета дека супермасивните црни дупки се наоѓаат во средината на секоја галаксија.

Според некои други научници, теоретичари, не станува збор за црни дупки, туку за чудни супермасивни објекти, кои на некој начин го избегнале гравитацискиот колапс во сингуларитетот опкружен со хоризонтот на случувања, кој се нарекува супермасивна сфера. Идејата е заснована на модифицираната општа теорија на релативност, односно на Ајнштајновата општа теорија на релативност. За разлика од сингуларитетот, кој нема површина, неколабирачките објекти можат да имаат цврста површина. Како последица на постоење на горенаведената површина, можно е разорувањето на материјата, како ѕвездата која се удира во неа, всушност нема да биде вовлечена во црната дупка, туку ќе биде разорена во судир на површината на цврстата сфера.

На кој начин црните дупки ги проголтуваат ѕвездите?

Ѕвездата удира во цврста површина на супермасивната сфера. Илустрација: mcdonaldobservatory.org

Тимот научници дојде до сознанија за тоа што е она кое телескопот треба да го детектира, кога некои ѕвезди се судираат со цврстата површина на некој супермасивен објект во центарот на некои блиски галаксии. Во тој случај, целиот супермасивен објект треба да се најде опкружен со гасови од ѕвезди, кои сјајат можеби и со години. Потоа, утврдиле дека секоја галаксија содржи една супермасивна црна дупка. Проценето е дека во околните неколку милијарди светлински години од нашата планета, се наоѓаат приближно милион супермасивни црни дупки.

На кој начин црните дупки ги проголтуваат ѕвездите?

Сјаење на супермасивна сфера по судирот. Илустрација: mcdonaldobservatory.org

Конкретните истражувања се вршени со архивата на телескопските набљудувања. Телескопот PAN-STARRS со дијаметар од 1.8 метар, сместен на Хаваите,  неодамна го заврши проектот со снимање на половина северна половина на небесната сфера.

Од судирите и густината на супермасивните црни дупки во блиската галаксија, тие пресметале колку транзиенти треба да сними телексопот PAN-STARRS во период од 3.5 години. Со пресметки се дошла до бројката од 10 и повеќе транзиенти. Не е пронајден ниту еден од транзиент кој одговара на судирот на ѕвезда и цврстата површина.

Нивните истражувања укажуваат дека можеби и сите црни дупки имаат хоризонт на случувања и дека материјата навистина исчезнува од Вселената кога е вовлечена во егзотичен објект, каков што е црната дупка.

Тимот од научници презема нови чекори за да се унапредат резултатите од нивните истражувања и затоа сакаат да го искористат големиот 8.5-метарски синоптички телескоп за пребарувања Large Synoptic Survey Telescope (LSST), кој во моментот се гради во Чиле. Овој телескоп во иднина ќе врши систематски истражувања на небото, барајќи транзиенти, но овојпат со многу поголема чувствителност.

Превод: Петар Ивановски

Извор: Astronomski Magazin

Сподели.