Научниците открија дека под површината на една од месечините на Сатурн, Енцелад, се крие голем, глобален океан. Откритието беше направено со помош на исклучително прецизни мерења на малите тетеравења, односно нишања на Енцелад кои можат да се забележат исклучиво на снимките со висока резолуција, направени од Касини.
Правени се анализи на податоци од временски период поголем и од седум години, благодарение на вселенското летало Касини (Cassini) кое кружи околу Сатурн уште од 2004 година. Веќе е добро познато дека Енцелад исфрла млазеви од пареа и течна вода од пукнатините на неговата замрзната површина во јужниот поларен регион. Сепак, беше некомплетно јасно колку и до кој степен е застапена водата под површината на Енцелад. Сега, благодарение на макотрпните мерења на тетеравењата на ова тело се открија промени кои докажуваат дека површината не е цврсто поврзана со јадрото, односно дека помеѓу нив постои течен потповршински океан.
Превод: Михаела Стојанова
Извор: Phys