Можеби е откриен нов вид на гравитациски бранови

0

Се најавува дека е можно истражувачите да воочиле варијации во просторот, кои се резултат на катаклизмичен судир на две неутронски ѕвезди.

Можеби е откриен нов вид на гравитациски бранови

Уметнички приказ на катаклизмичниот судар. Заслуги: Dana Berry, SkyWorks Digital, Inc./Harvard-Smithsonian Center for Astrophysics

Оптичките телескопи, вклучувајќи го и телескопот Хабл, веќе работат на откривање на изворот на можните бранови, кои се наоѓаат во галаксија оддалечена 130 милиони светлински години.

Гравитациските бранови се показатели на најнасилните случувања во Универзумот, настанати од судирот на густи објекти, како што се неутронските ѕвезди или црните дупки, при што се ослободува огромна енергија. Два експерименти, LIGO во САД и VIRGO во Европа, открија мали промени во патеката на ласерските траектории кои настанале во пренесување на гравитациските бранови.

Гравитациските опсерватории LIGO до сега открија три извори на гравитациски бранови, кои настанале при судир на црни дупки. Од ноември, две опсерватории го координирале собирањето на податоци со поголема осетливост.

Во текот на викендот, професорот Џ. Крег Вилер од Универзитетот во Остин, Тексас, искажа шпекулации за потенцијално ново откритие на LIGO, со можност за паралелно оптичко набљудување на изворот на брановите. Тоа значи дека е можно астрономите да ја набљудуваат светлината која го емитира изворот на овие гравитациски бранови. Ова укажува дека извор на брановите се неутронските ѕвезди. За разлика од црните дупки, тие можат да се видат на видливи бранови должини од електромагнетниот спектар. Истражувачите на LIGO долго ја очекуваа оваа можност, воспоставувајќи партнерства со оптичките опсерватории, со цел да можат да ги следат потенцијалните сигнали пред формално да ги објават откритијата.

Претпоставките се однесуваат на NGC 4993, галаксија оддалечена околу 130 милиони светлински години во соѕвездието Хидра (Водна змија).

Вселенскиот телескоп Хабл веќе е насочен кон овие две неутронски ѕвезди.

Превод: Петар Ивановскигр

Извор: Sve je fizika

Сподели.