Монтажа и поставување на телескопите

0

Поставувањето на телескопот има големо значење, бидејќи кога тој зголемува, не ја зголемува само сликата што сакаме да ја видиме, туку ги зголемува и сите пречки. Значи телескопот мора да биде стабилен за време на набљудувањето, но и лесен за ракување, што значи, добро избалансиран. Телескопот исто така мора да поседува и можност за набљудување на сите точки од небото, што се над хоризонтот. Тој мора да биде поставен на масивна основа, со тежиште на пресекот на две меѓусебно нормални осовини, околу кои ќе може слободно да ротира.

Од гледна точка на координатните системи, кои се користат во астрономијата, при монтажата треба да се примени или хоризонтскиот или небесниот екваторијален небесен систем. Првиот поретко се користи иако е полесен за монтирање. Кај оваа монтажа едната оска е поставена паралелно на вертикалата (ги поврзува зенитот и надирот) , а другата е паралелна на небесниот хоризонт и е нормална на првата. Оваа монтажа уште се вика и азимутска монтажа.Втората т.н. екваторијална монтажа, има повеќе варијанти. За помалите телескопи се препорачува т.н. германска монтажа. На вертикален столб – носач се поставува едната оска, паралелна на светската оска (продолжение на Земјината оска на небото). Тоа е часовна осовина, а другата, деклинациска осовина, е поставена под нормален агол на часовната, односно нормално на небесниот екватор. Заради можност за манипулирање, тубусот на телескопот треба да биде покрај носечкиот столб. На спротивната страна се става противтег, со кој тежиштето на системот се враќа на носечкиот столб. Англиската монтажа повеќе одговара за поголемите телескопи, рефлектори. Оската што е паралелна со светската оска ја носат два столба, што се наоѓаат на меридијанската рамнина. Америиканската или виљушкаста монтажа е всушност варијација на Англиската, и е погодна за големи телескопи, рефлектори. Телескопот е прицврстен на тој начин што едната оска, околу која што ротира телескопот, ја носи потковица чија оска е паралелна со светската оска.

Кога се поставува телескопот за набљудување прво што треба да се направи е тој да се усевери. Усеверувањето е една од најважните работи при поставувањето на телескопот. Тоа претставува насочување на оската која врти околу светската оска кон северниот небесен пол, односно кон ѕвездата северницата. Ова насочување мора да биде многу прецизно изведено (што е и доста тешко да се изведе). После тоа за да се прати (привидното) ротирање на небесната сфера доволно ќе биде да се врти само едната оска (паралелната на светската оска). За подобро усеверување кај некои телескопи на самата оска е вграден мал дурбин низ кој ја центрираме северницата. Кај поновите телескопи има и мало моторче кое го врти телескопот синхроно со небото така да ние не мора воопшто да го придвижуваме телескопот. Откако еднаш ќе го нацентрираме на некој објект, тој цело време ќе покажува на него.

Многу голема пречка за телескопите тука на Земјата е атмосферата. Имено таа спречува многу од светлината на небесните тела да стигне до самиот објектив на телескопот. За да се оттргне и оваа пречка на 24.04.1990 со помош на всленскиот брод Дискавери е лансиран и најголемиот вселенски телескоп Хабл (Hubble Space Telescope, HST). Тој е рефлектор со огледало од 2,4 метри (94,5 инчи). Долг е 15,9 м. а има пречник од 4,2 метри. Има снимено многу убави и вредни слики кои што помогнале во разрешувањето на многу мистерии во вселената.

Вселенскиот телескоп Хабл

Вселенскиот телескоп Хабл

Телескопите за кои до сега стануваше збор беа оптички. Но постои и друг тип телескопи, за науката многу важни (можеби и поважни), радиотелескопите. Тие во фокусот, наместото на секундарното огледало имаат диполен приемник, од каде што добиениот сигнал од небесното тело, се засилува и пренесува понатаму. Врз основана тоа на која бранова должина работат тие може да бидат X-ray телескопи, Gamma-ray телескопи. Еве неколку такви.

Chandra X-ray

Chandra X-ray

XMM-Newton X-ray

XMM-Newton X-ray

Effelsberg Radio Observatory. Авторски права: Frank Vincentz

Effelsberg Radio Observatory. Авторски права: Frank Vincentz

Недостаток кај радиотелескопите е нивната многу мала разделна моќ. Поради тоа астрономите конструирале радио-интерферометри. Тие работат на принципот на дифракционо-интерференционата слика. Кај решетката поголемиот број засеци даваат потесни интерференциони максимуми. Со тоа се добива сјаен точкаст извор. Радио-телескопите, поставени на еднакво растојание делуваат како прорезите на решеткта. Неточкастите извори даваат посложена слика. За радио телескопот, секој извор чии аглови димензии се помали од димензиите на раздвојниот агол претставува точкаст извор или ²радио-ѕвезда². Значи со поврзување на повеќе радиотелескопи, кои работат на иста фреквенција се добива интерферометар. Најголемиот се наоѓа во Ново Мексико и се состои од 27 телескопи со по 25 метарски (во дијаметар)² тањири².

Very Large Array. Авторски права: Hajor

Very Large Array. Авторски права: Hajor

Најголемиот поединечен радиотелескоп (Аресибо) се наоѓа во Пуерто Рико и е сместен во кратерот на еден изгаснат вулкан. Има дијаметар од 305 м. Најголемиот недостаток му е тоа што, нормално, не може да го пренасочува главниот фокус.

Arecibo Radio Observatory

Arecibo Radio Observatory

Најголемиот оптички телескоп се наоѓа на Хаваите. Тоа се всушност два исти телескопи. Двата се рефлектори со пречници од 10 м. (400инчи). Се состојат од 36 шестоаголни огледала кои се така неместени да работат како една целина.

Mauna Kea. Авторски права: Litlok

Mauna Kea. Авторски права: Litlok

Најголемиот телескоп со единечно огледало од 1976 година е на Кавказ и има огледало со пречник од 6 метри (горе). До тогаш најголем бил телескопот на Маунт Паломер и имал пречник 5,08 метри (200 инчи).

6 метарскиот телескоп на руската SAO обсерваторија.

6 метарскиот телескоп на руската SAO обсерваторија.

На Чиле се наоѓаат четири телескопи со по пречник од 8.2 метри (330 инчи). Со нивно поврзување тие даваат перформанси на телескоп од 16,4 метри (660 инчи) рефлектор.

Atacama Large Millimeter Array. Авторски права: ESO/C. Malin

Atacama Large Millimeter Array. Авторски права: ESO/C. Malin

Сподели.