Млада галаксија ги буни астрономите

0

Телескопот Хабл (Hubble) фотографирал галаксија со младолик изглед, на оддалеченост од 39 милиони светлински години. Галаксиите во наша близина се најчесто млади и астрономите мораат да бараат далеку за да најдат стари галаксии. Дали оваа галаксија нè залажува или е исклучок?

Галаксиите не ја кријат својата старост – старите се големи заради спојување со други галаксии. Тие се најчесто исполнети со различни видови на ѕвезди – мали, големи, стари и млади. Запалените јадра на ѕвезди исто така помагаат да ги збогатат стари галаксии со потешки елементи, исто така и разни ѕвездени случки во нивните животи. Помладите галаксии се помали и имаат сличен хемиски состав на материјата која се појавила за време на Големиот Прскот (Big Bang).

Астрономите го знаат ова бидејќи ја проучуваат галактичката еволуција со годни со помош на моќни телескопи како Хабл. Со овие инструменти гледаме назад во времето.

Како што гледаме подлабоко во Универзумот и поназад во времето, набљудуваме сè помлади галаксии. Ова е добро за разбирање на тоа како галаксиите се менуваат. Сепак, малите галаксии се бледи и ситни, додека тие поблиску до нас изгледаат позрели.

DDO 68, или UGC 340, е исклучок на ова правило. Таа се наоѓа на само 39 милиони светлински години од нас, што претставува голема далечина, но во астрономски рамки е релативно блиску. Гледајќи ја структурата, појавата и хемиската композиција на DDO 68, таа се чини прилично млада. На пример, нема тешки елементи. Исто така, ѕвездите на галаксијата се стари околу 1 милијарда години, многу помладо од нашето 5 милијарди-годишно Сонце.

Истражувачите ќе продолжат да ги проучуваат наодите на Хабл за да видат дали има постари ѕвезди во галаксијата (како црвени џинови) кои најверојатно ги има. Доколку навистина ги има, тогаш галаксијата е постара отколку што изгледа.

Превод: Јован Милосковски

Извор: IFLS

Сподели.