Мистериозниот „Wow!“ сигнал од Вселената конечно објаснет

0

Тим истражувачи од центрарот за планетарна наука (CPS) конечно ја реши мистеријата од 1977 година. Сигналот всушност бил комета, која според извештајот била непозната за Земјата во тоа време. Водечкиот истражувач Антонио Парис ја објаснува нивната теорија во статија на списанието на Академијата на науките во Вашингтон.

Мистериозниот „Wow!“ сигнал од Вселената конечно објаснет

Сигналот Wow! претставен како „6EQUJ5“. Заслуги: Радио опсерваторија „Big Ear“

Во август 1977 тим на астрономи проучувајќи радио трансмисии од опсерваторијата во Охајо наречена „Големо Уво“ снимил невообичаен 72 секунден сигнал – сигналот бил толку јак што астрономот Џери Еман силно извикал Wow! Оттогаш научниците се во потрага по објаснување на овој феномен но сè до денес никој не успеал да понуди силни докази. Сите можни комбинации како астероиди, егзопланети, па дури и сигнали од Земјата, се исфрлени од игра. Некои неофицијални научни здруженија феноменот го класифицираа дури како сигнал од вонземјани. Интересно е што фреквенцијата на сигналот е емитувана на 1420 MHz (мегахерци), е идентична со фреквенцијата на водородот.

Расветлувањето на случајот започна минатата година кога тимот од CPS даде претпоставка дека сигналот може да доаѓа од водороден облак дополнително придружен од комета, чија што траекторија на движење може да објасни зошто сигналот не бил повторно регистриран. Тимот забележал 2 комети на истиот дел од небото кој бил под мониторинг на „Големото уво.“ Двете комети, P/2008 Y2(Gibbs) скр. Гибс, и 266/P Christensen (Кристенсен) сè уште не се истражени. Тимот имаше шанса подобро да ги запознае кога повторно се појавија на ноќното небо зимата 2016 година.

Мистериозниот „Wow!“ сигнал од Вселената конечно објаснет

Заслуги: Центар за планетарна наука (CPS)

Астрономите заклучија дека радио сигналите од кометата 266/P Кристенсен се поврзани со оние на Wow! сигналот пред 40 години. За да ги потврдат доказите, ја тестираа хипотезата на уште 3 други комети и добија слични резултати, така што не може со сигурност да се каже дека Wow! сигналот потекнува од кометата Кристенсен, но со сигурност може да се каже дека потекнува од комета. Заклучокот на истражувањето кажува дека кометниот спектар е забележлив на 1420 MHz, и уште поважно дека сигналот Wow! е природен феномен од внатрешноста на Сончевиот Систем.

Превод: Давид Симоновски

Извор: Phys

Сподели.