Астрономите откриле мистериозен сигнал во информации од икс-зраци од студија на галактички јата и претпоставуваат дека икс-зраците се произведени од распаѓањето на стерилни неутрина, вид честичка предложена како кандидат за темна материја.
Црната материја е 85% од материјата во Универзумот, иако не емитува или апсорбира светлина како протони, неутрони и електрони – нормалната материја која ги содржи планетите и ѕвездите. Тоа е причината за која научниците користат индиректни методи за да бараат траги од невидливата темна материја; нејзиното гравитациско дејство на движењето и изгледот на објектите како галаксии може да се детектира.
Мистериозниот икс-зрак сигнал беше откриен во нова студија на галаксијата Персеј користејќи ја на НАСА Чандра Опсерваторија на X-зраци и 73 јата со ХММ-Њутон на ЕСА. Персеј е еден од најмасивните објекти во Универзумот, содржејќи илјадници галаксии во облак од супер-затоплен водороден гас. На преку десет милиони степени Целзиусови, тој гас е доста топол да емитува икс-зраци. Горната слика од Персеј комбинира 17-дневна информација собирана во период од преку една деценија.
„Ако овој сигнал бил предизвикан од познат елемент присутен во гасовите, би требало да остави други сигнали во икс-зрак светлината на други добро познати бранови должини, но ниеден од нив не бил снимен,“ вели Есра Булбул во Харвард-Смитсоновиот Центар за астрофизика во изјава за ЕСА.
Во изјава за НАСА, тој додава: „Знаеме дека објаснувањето со темна материја е неверојатно, но многу би исплатело доколку сме во право.“ Сепак, се појавуваат многу несигурности: пронаоѓањето на линијата на емитување ги притисна можностите на двете опсерватории и можно е дека нормална материја во јатото можела да ја произведе линијата на емитување.
Работата е опишана во минатомесечното издание на Астрофизичкиот журнал, иако Булбуловиот тим објави претпечатна верзија на АрКСив, јавно достапната датотека. Една недела откако се појави на Интернет форумот, тим предводен од Алексеј Бојарски на Универзитетот Лаиден во Холандија објави научен труд објавувајќи докази за емитувачка линија на истата енергија во ХММ-Њутновите опсервации на галаксијата М31 и надворешнините на јатото Персеј – зајакнувајќи го доказот дека емитувачката линија е вистинска.
Нивниот следен чекор е да се комбинирааат информации од Чандра со ЈАКСА Сузаку да видат дали можат да го најдат истиот икс-зрак сигнал. Ова е друго набљудување од Персеус, комбинирајќи информации од Чандра во внатрешните региони на кластерот и информации од ХММ во надворешните региони.
Превод: Јован Милосковски
Извор: IFLS