Мисијата Нови Хоризонти ги надмина очекувањата

0

Мисијата Нови Хоризонти (New Horizons) навистина ни открива нови научни хоризонти. Новите податоци кои ги носи им помагаат на астрономите да разрешат некои од мистериите на Сончевиот систем. Научниците се убедени дека мисијата ги надминала сите очекувања. Информациите кои ги добивме до сега ни даваат нов поглед на историјата и еволуцијата на Плутон и отвораат нови прашања за развојот на малите тела надвор од Сончевиот систем.

Ледените џуџести планети како Плутон се стари реликти, формирани пред 4 милијарди години. Тоа се тела кои поголемите надворешни планети ги акумулирале и затоа преку нив може да дознаеме нешто повеќе за создавањето на планетите.

Едно од најважните откритија е пронајдениот азот на овој леден свет. Стотици тони на атмосферски азот се испуштаат во Вселената секој час заради малата маса на Плутон. Но, научниците се прашуваат: Од каде доаѓа тој азот?

Атмосферата од азот се протега само 1000 км над површината на Плутон, што докажува дека атмосферата на Плутон хидродинамично бега од планетата. Се смета дека Плутон од внатрешноста постојано ја снабдува површината со азот, веројатно поради присуство на активни гејзери или криовулканизам.

Друго од останатите откритија е можниот огромен леден глечер на екваторот на Плутон, кој најверојатно се состои од азот, метан и друго.

Досега тимот на Нови Хоризонти прими само мал дел од податоците кои ги направи леталото при прелетот покрај Плутон. Останатите податоци ќе пристигнуваат во наредните недели и месеци.

Превод: Дарко Рафаиловски

Извор: Phys

Сподели.