Мисијата К2 на Кеплер откри нов „жежок Јупитер“

0

И покрај тоа што ги изгуби двете тркала, Кеплер не престанува да ги изненадува научниците со своите постојани нови откритија. Како дел од К2, новата мисија, прилагодена на околностите Кеплер неодамна откри нова егзопланета. Станува збор за планета од типот на жежок Јупитер и со ова Кеплер само уште еднаш потврди дека е најуспешниот телескоп при потрагата по далечни светови. Научниците кои ги прегледувале последните податоци од почетокот на оваа година, откриле два сигнали од транзитни планети. Едната е K2-30b, која веќе била претходно набљудувана како т.н. жежок Јупитер, и другата планета K2-29b која сега веќе се најде на листата на новооткриени егзопланети. За да го потврдат видот на планетата, астрономите исто така користеле и три различни спектрографи од Земјата.

Жешките Јупитери се гасовит вид на планети, со слични карактеристики на нашата најголема планета. Но, со орбити помали од десет дена тие се движат мошне близу до ѕвездите, поради што температурите на нивните површини се екстремно високи.

Новооткриената егзопланета К2-29b има речиси ист радиус со Јупитер, но само 0.6 од неговата масата. Орбитата изнесува 3.26 денови и температурите на нејзината површина е просечно околу 800 степени целзиусови. Нејзината ѕвезда е малку помала од нашето Сонце и е оддалечена повеќе од 500 светлосни години.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: phys.org

Сподели.