Месечината наречена „Ѕвездата на смртта“ можеби има океан

0

За неколку месечини од надворешниот Сончев систем, за кои се мислеше дека се цврсти и досадни, се дозна дека имаат внатрешни океани. Сега уште една можеби ќе биде додадена на листата.

Досега, Сатруновата највнатрешна заоблена месечина има две титули со кои може да се пофали. Со дијаметар од 400 километри, таа е најмалото тело во Сончевиот систем чија гравитација го повлекла во скоро сферичен облик. Втората титула со која може да се пофали е нејзиниот голем кратер Хершел што прави да изгледа како „Ѕвездата на смртта“.

Како повеќето месечини, Мимас е „заглавена“ со истото лице накај својата планета. Но, за разлика од нашата месечина нејзината ориентација се менува малку како резултат на нејзината елиптична орбита, процес познат како либрација.

Набљудувајки го овој процес може да се добијат важни информации за тоа што се случува во внатрешноста на некое тело. Се покажало дека една либрација е 6 километри, двапати повеќе од очекуваното.

Во Science Д-р. Радван Таџедин нуди две можни објаснувања. Или Мимас има течна внатрешност, или има издолжено јадро.

Таџедин признава дека ниедно објаснување не е целосно задоволително и дека не очекувал вакво нешто кога ја испитувал орбитата на Мимас. Јадро со чуден облик се очекува пополека да се релаксира во кружна форма, а животот на Мимас од 4 милијарди години нуди многу време за ова да се случи. Но, постоењето на океан е подеднакво чудно. Толку мал објект одамна би ја изгубил топлината од своето создавање, и радиоактивноста не би била доволна за да се создаде доволно топлина за одржување течна вода. Орбитата на Мимас е премногу кружна за создавање доволно топлина за внатрешниот мраз да се стопи со плимско свиткување. Исто така, океаните на месечините како Енцелад и Европа водат до бришење на кратерите на површината.

Едно можно објаснување е дека орбитата на Мимас до неодамна била издолжена, давајќи доволно топлина која сè уште не исчезнала. Слично објаснување е понудено и за Енцелад, кој емитува повеќе топлина отколку неговата, која би ја произведувал заради својата орбита.

Таџедин се надева дека повеќе податоци ќе доведат до решавање на прашањето. Во процесот можеби ќе се фрли светло и на чудната топлотна шема на Мимас и како преживеал судир од кој настанал Хершел, најголемиот кратер во сончевиот систем во однос со големината на телото на кое се наоѓа. Толку голем удар можел лесно да ја уништи целата месечина.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: IFLS

Сподели.