Во центарот лево од огромната област со облик на срце – неформално
наречена “Томбах Риџио” – има огромно поле без кратери кои не би требало да е
постаро од 100 милиони години, а геолошки процеси сигурно се уште го обликуваат.
Овој замрзнат предел е северно од замрзнатите планини на Плутон и веќе
неформално е наречен Спутник Планум, по првиот вештачки сателит на Земјата.
Површината изгледа како поделена на предели со неправилна форма со помош на
канали. Исто така може да забележиме мали ритчиња и полиња со мали јами. Оваа
слика е добиена со помош на Long Range Reconnaissance Imager (LORRI) на 14 јули на
далечина од 48,000 милји (77,000 километри). Видливи се форми широки само 1,5
милји (1 километар). Некои од формите се замаглени поради компресија на сликата.
Заслуга: NASA/JHUAPL/SWRI
3-beautifuleye
0
Сподели.



