“Марсотрес”: првиот откриен потрес на Црвената планета

0

Научниците во вторникот рекоа дека можеби го откриле првиот познат сеизмички потрес на Марс, кое може да ни помогне во откривањето на античкото потекло на Земјиниот сосед.

Сондата слета на површината на Марс во декември, откако стигна до таму со вселенското летало Инсајт на НАСА. Неговите инструменти ги мерат површинските вибрации предизвикани од временските услови, но исто така се способни да детектираат движење од длабочините на планетата, таканаречен  “марсотрес”, но и оние предизвикани од метеорид.

Француската Национална Агенција за Вселенски Истражување, која работи на сеизмичкиот експеримент за внатрешна структура рече дека откриле “слаб, но различен сеизмички сигнал“ од сондата. Тимот се надева дека ќе собере информации за активностите во центарот на Марс, со надеж дека ќе обезбеди информации за неговото формирање пред неколку милијарди години.

“Убаво е да се знае дека сè уште има сеизмичка активност на Марс”, вели Филип Лоњон, истражувач во Институтот за физика во Париз. “Го чекавме првиот земјотрес на Марс со месеци”.

Според Брус Бадердт од НАСА, откривањето на земјотресот “го означува раѓањето на нова дисциплина: марсовска сеизмологија”.

Тимот соопшти дека сè уште работат на потврдување на причината за потресот кој се случил на 6 април, и сметаат дека доаѓа од внатрешноста на планетата, а не од ветерот или бучавата. Исто така рекоа дека и три други слични, но послаби сигнали на потреси биле собрани од апаратот.

Превод: Лазар Динев

Линк: phys.org

Сподели.