Магнетното поле на Земјата се дестабилизира

0

Магнетното поле на Земјата се создава со интеракција на ротацијата на јадрото на планетите и електричните струи. Полето тогаш креира магнетосфера, која се однесува како штит, штитејќи ја планетата од Сончевите ветрови. Полето се наоѓа и на Северниот и на Јужниот пол, кои се користат во навигациски цели, но тоа не е статично. Варијациите во електричната струја ги движат половите за 16 километри годишно.

Полето само по себе, исто така, не е фиксирано, односно на секои 450.000 години половите, всушност, се превртуваат. Тоа значи дека сега Јужниот пол е на местото каде некогаш се наоѓал Северниот пол и обратно. Тимот од Универзитетот Калифорнија утврди дека последното превртување на половите се одвивало пред речиси 786.000 години, и тоа за помалку од 100 години – речиси за еден човечки живот. Всушност, ваквите настани се одвиваат во илјадници години.

Ваквото превртување на половите сега се случува многу почесто отколку пред стотици милиони години. Тоа е можеби поради порастот на внатрешното јадро, што му пречи на надворешното јадро и создава непостојано магнетно поле.

Доказите за превртувањето на половите може да се забележат во карпите. Кога стопените карпи ќе се оладат, металните делови на карпите се насочени кон полето. Со истражување на слоевите карпи, геолозите може да видат во која насока покажуваат металните молекули и според тоа, може да ја утврдат насоката на магнетното поле.

Европската вселенска агенција (ЕСА) користи три сателити, наречени Рој (Swarm), кои го проучуваат магнетното поле на Земјата, како и океаните и внатрешната структура на планетата. На научниот состанок во Копенхаген, Данска, во 2013 година, се објави дека магнетното поле слабее околу 5% на секои десет години. Будењето на нестабилното магнетно поле може да биде знак дека наскоро ќе се случи пресврт. Силата на магнетното поле понекогаш флуктуира, но оваа количина на слабеење на магнетното поле е поголема отколку што е вообичаено. Полето слабее десет пати побрзо отколку предвиденото, што укажува на тоа дека пресвртот навистина би можел наскоро и да се случи.

Доколку половите се превртат, компасот кој покажува на југ наместо на север и не е некој проблем, не влијае на луѓето, но прашањето е што ќе се случи со некои животни. Животните кои мигрираат, како морските желки и птици, користат магнетни полиња за да можат да се ориентираат. Превртувањето на половите би можело да влијае на таа способност.

Уште една загрижувачка работа околу превртувањето на половите се однесува на фактот дека ослабеното магнетно поле во времето на превртувањето, нема да може соодветно да нè заштити од Сончевата радијација. Иако нема никакви докази во фосилите за масовни изумирања поврзани со превртувањето на половите или радијацијата, тоа можеби ќе влијае на електричната мрежа и на сателитите.

Превод: Петар Ивановски

Извор: Znanost

Сподели.