Љубопитност (Curiosity) наиде на навистина чудни и извртени камени кули на Марс

0

Роверот Љубопитност (Curiosity) пронајде една навистина уникатна камена формација на вонземниот пејсаж на Марс. Меѓу плиткиот песок и каприте на кратерот Гејл (Gale) се издигнуваат неколку извртени кули од камен. Шилците од седиментот изгледаат скоро како замрзнати потоци на вода кои се истурени од невидлив сад во небото.

Во реалноста, според експертите, колоните најверојатно се создадени од супстанции налик цемент кои ги исполнувале древните пукнатини во темелниот камен. Како што помекиот камен постепено еродирал, змиестите потоци на компактен материјал останале исправени.

карпи 1

Карпести формации на Марс (Заслуги: NASA, JPL-Caltech, MSSS)

Карпестите формации се сликани со камера на роверот на 17 Мај и споделени подоцна како дел од иницијативата за планетарна слика на денот на SETI (Search for extraterrestrial intelligence – Потрага по вонземна интелегенција).

Колку и да изгледаат вонземно овие структури не се без преседан. Кај земната геологија исто така може да се сретнат вакви формации кои настануваат со ерозија наречени худу. Често може да се сретнат во суви средини како кањоните на Јута или јужна Србија со висини колку десеткатници.

карпи 2

Худу во Брајс кањонот во Јута (Заслуги: Don Graham, Flickr, CC BY SA 2.0)

Природните структури се формираат од цврсти камени слоеви кои се таложат во помекиот седиментарен камен. Како што овој камен еродира поради дождовите, ветерот или мраз, ги остава зад себе овие прекрасни форми кои ги отсликуваат древните фрактури во темелниот камен.

карпи 3

Худу во источно Куле, Алберта, Канада (Заслуги: Darren Kirby, CC BY SA 2.0)

Двете кули на Марс изгледаат како да ќе паднат во било кој момент за разлика од оние на Земјата. Но, очигледно се доволно цврсти да ја издржат помалата површинска гравитација на црвената планета.

Уште една карпеста формација откриена од Љубопитност порано оваа година може да настанала на сличен начин но со многу различен резултат. Овој друг помал камен изгледа како делче од корал или цвет со бројни мали ливчиња кои се издадени кон Сонцето.

„Една теорија која се формираше е дека овој камен е тип на конкреција настаната од минерали кои биле депонирани од вода во пукнатините или разделците во постоечкиот камен“ се објасни во прес на НАСА во периодот по откривањето.

„Овие формации може да се компактирани заедно и да бидат поцврсти и погусти од околниот камен, при што би останале дури и по ерозија на околината“.

карпи 5

Худу во источно Куле, Алберта, Канада (Заслуги: Darren Kirby, CC BY SA 2.0)

Кратерот Гејл не е целосно рамен, но вонземните шила откриени од Љубопитност се издвојуваат од околнита. Иако овие формации можеби изгледаат безживотно, нивната формација ни кажува многу за древните услови на Марс и можноста да постоел живот на него пред милијарди години.

Кратерот Гејл се смета дека е пресушено дно на езеро иако поплитко и потранзиторно од очекуваното. Карпестите формации во и околу древното езеро помагаат во откривањето на вистинската историја на регионот.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: sciencealert.com

Сподели.