Астронаутите од Аполо можеби го нашле најстариот кратер од Земјата на Месечината

0

Еден од најстарите Земјини камења можеби бил ископан на Месечината.Според ново истражување, парче материјал донесен од месечевата површина од астронаути на Аполо во 1971 содржи мало делче од Земјата. Земјиниот фрагментнајверојатно бил распукан од нашата планета од моќен удар пред 4 милијари години.

„Ова е неверојатно откритие кое ни помага да добиеме подобра претстава за раната Земја и бомбардирањето кое ја изменило нашата планета на почетокот на нејзиниот живот,“ изјави Дејвид Кринг, научник на Универзитетската асоцијација за вселенски истражувања (Universities Space Research Association – USRA) при Месечевиот и планетарниот институт (Lunar and Planetary Institute – LPI) во Хјустон. (Општото мислење на биолозите е дека животот на Земјата започнал пред 4.1 и 3.8 милијарди години.)

Истражувачкиот тим – предводен од Џереми Белучи од Шведскиот природонаучен музеј и Александер Немчин од Шведскиот музеј и универзитетот Куртин во Австралија – ги анализираше месечевите примероци собрани од членови на екипата на Аполо 14, која ја истражуваше месечевата површина во текот на неколку денови во февруари 1971.

Научниците пронајдоа еден камен кој содржи парче од 2 грама составено од кварц, фелдспат и циркон – кои се ретки на Месечината, но вообичаени на Земјата. Членови од научниот тим рекоа дека хемиски анализи покажаа дека парчето се кристализирало во околина со кислород, на температури соодветни со оние на потповршината на раната Земја.

Хадејската Земја

Уметнички приказ на Хадејската Земја, добата во која се формирало парчето камен. Кратери, некои покриени со плитки мориња, покриваат големи делови од Земјината површина. Ископувањето на овие кратери исфрлило каменит отпад, од кој делови ја погодиле

Засега достапните докази наведуваат на тоа дека парчето се кристализирало пред 4.1 до 4 милијарди години, 20 километри под Земјината површина, а кратко потоа било лансирано о вселената од силен удар.

Патувачкиот Земјин камен наскоро стигнал до Месечината, која тогаш била околу три пати поблиску до Земјата отколку што е денес. (Месечината се уште се оддалечува од нас, по околу 3.8 цантиметри годишно.) Парчето трпело дополнителни промени на месечевата површина. Тоа било делумно стопено и најверојатно закопано од удар пред 3.9 милијарди години, за потоа пак да биде откопано од уште еден удар пред 26 милиони години, рекоа истражувачите.

кратер Конус

Оваа слика од Месечевиот извиднички орбитер (Lunar Reconnaissance Orbiter) на НАСА ги покажува местото на кое што слетало Аполо 14, како и блискиот кратер Конус. Видлива е и патеката која ја следеле астронаутите на Аполо 14. Ширпчината на сликата е 1.6 километри. Заслуги: НАСА/GSFC/Државен универзитет на Аризона

Овој последен удар го создал кратерот Конус, со пречник од 340 метри, чија околина била истражена пред 47 години од астронаутите на Аполо 14 Алан Шепард и Едгар Мичел (Третиот член на Аполо 14, Стјуарт Руса, останал во месечевата орбита, во командниот модул.)

Земјиното потекло на древното парче не е стопроцентна сигурност, нагласија научниците. Сепак, е наједноставното објаснување; ако неговото потекло е месечево, дамнешните услови во внатрешноста на Месечината не биле такви какви што ги замислуваме, рекоа истражувачите.

Новото истражување беше обајвенона интернет во четврток (24 јануари) во списанието Earth and Planetary Science Letters.

Превод: Јоаким Јаковлески

space.com

 

Сподели.