Конјукција на Венера и Јупитер

0

На 18-ти август годинава, привидно на небото се приближија многу блиску една до друга две планети. Јупитер, како најголема и Венера, како најсјајна планета на небото, дојдоа на оддалеченост од 10-на аглови минути, што е отприлика една третина од дијаметарот на Месечината или Сонцето.

За жал, настанот се случуваше во раните утрински часови и немавме повеќе фотоапарати да го забележиме, но се надевам дека сликите и видеото ќе ви ги доловат овие моменти кои ги поминавме со Горан Петров. Самата конјкуција на планетите е сликана со неговиот Nikon DSLR, додека амбиентални слики се сликани со мојот мал Nikon (тнр. идиот).

DSCN0038

DSCN0046

DSCN0081

DSCN0082

Горан го носеше и неговиот Celestron телескоп, па така можевме настанот да набљудуваме и преко окулар. Иако сликата на планетите во окуларот не беше најдобра, сепак да се видат најголемата планета и најсјајната планета во еден окулар не е нешто што се гледа често.

startrail photoshop label

venus jupiter trail 1 crop label Stanko

venus jupiter trail 1 crop label

Горан направи видео од фотографиите, кое можете да го погледнете тука:

Со помош на мојот мал апарат се поигравме со конјукцијата, додека Nikon-от на Горан работеше со полна пареа. По конјукцијата Горан ја сликаше Месечина низ неговиот телескоп, па имаме слики од неа. Настанот и изгрејсонцето беа преубави, па затоа е штета тоа што не бевме повеќе членови со апарати.

dying moon label

Текст: Радан Митровиќ

Сподели.