Музика по повод 25-годишнината од телескопот Хабл направена од наш читател

32

По повод 25-годишнината од лансирањето на Вселенскиот телескоп Хабл која се случи на 24 април годинава, еден од нашите редовни читатели и вљубеници во астрономијата, Гоце Симоноски, ни испрати видео со фотографии од Хабл направени низ годините, како и музика која самиот тој ја искомпонирал во таа чест.

Му благодариме многу на Гоце за споделувањето на ова видео, кое се надеваме дека ќе го погледнете уживајќи во фотографиите од Хабл, како и во музиката која ја направил.

Вселенскиот телескоп Хабл (Hubble) беше лансиран во вселената од спејс шатлот Дискавери (Discovery) на 24 април 1990 година. Оттогаш па навака, тој е еден од телескопите кои имаат најголема улога во астрономијата и физиката, и преку кој се направени бројни истражувања и фотографии. Дел од тие фотографии се навистина прекрасни и убави за око, како бројните фотографии во ова видео, а и фотографијата подолу која исто така беше објавена по повод 25-годишнината од лансирањето на телескопот.

Музика по повод 25-годишнината од телескопот Хабл направена од наш читател

Фотографија направена со широкопојасната камера 3 (еден од инструментите на Хабл). На фотографијата се гледа ѕвезденото јато Westelrund 2 и маглината Gum 29. Заедно одвие 2 дела се едни од најмладите ѕвездени породилишта во нашата галаксија.

Уживајте во музиката на Гоце и фотографиите на Хабл.

Сподели.