Комета или астероид? Научници го идентификувале меѓуѕвездениот посетител

0

Уметнички приказ од Европската Јужна Опсерваторија на меѓуѕвездениот објект наречен „Оумуамуа“ кој бил откриен на 19 октомври 2017 год. од страна на Пан-СТАРРС 1 телескопот во Хаваи Заслуги: M. Kornmesser/Европска Јужна Опсерваторија виа AP

Минатогодинешниот посетител е сега идентификуван како комета.

Телескопи го пронашле за прв пат овој објект во Октомври како што поминувал преку внатрешноста на Соларниот Систем. Од тогаш астрономи не можеле да се одлучат дали овој објект е комета или астероид. Не била пронајдена кома или опашка како што би се идентификувало кај мразулести комети, но италијанскиот астроном Марко Мичели и неговиот тим пријавиле дека патот и забрзувањето на кометата се најдобро објаснети преку гасови кои се губат од комета.

Испуштањето на јаглерод моноксид, јаглерод диоксид и вода дејствувале со многу мала сила врз објектот познат како Оумуамуа и тоа отприлика 1000 пати помало дејство од гравитацијата на Сонцето.

Заслуги: НАСА

Сепак мерењата биле доста прецизни за да се утврди дека промената на положба е предизвикана од испуштање гасови. Ова е дефинитивно интересно откритие.

Првиот меѓуѕвезден објект пронајден во Соларниот Систем, Оумуамуа. Набљудувања од Хабл Телескопот и други опсерватории покажуваат дека објектот се движи побрзо од претходни предвидувања при неговото напуштање на Соларниот Систем. Заслуги: ESA/Hubble, NASA, ESO, M. Kornmesser

Според Мичели вакви објекти типично се испуштаат при формирање на планетарни системи и повеќето испуштени објекти би биле комети со мал дел астероиди. Би било многу неверојатно овој објект да бил астероид.

Оумуамуа е хавајски збор за извидник или нешто што прво стига.

Ова е сепак ново парче од информација за кое треба обработка.

Превод: Јован Милосковски

Извор: Phys

Сподели.