Се ближи крајот на кометата 2I/Borisov која има патувано светлосни години низ вселената пред да заврши во Сончевиот Систем. Новите податоци покажуваат дека кометата се распаѓа. Според најновите набљудувања на Хабл кометата се има скршено на најмалку два дела.
„Сликите од 23.03.2020 покажуваат едно внатрешно јадро на светлост кое е присутно во сите предходни HST слики на 2I/Borisov“ вели тим на астрономи предводен од Дејвид Џевит од Универзитетот на Калифорнија, Лос Анџелес. „Наспроти ова, сликите од 30.03.2020 јасно покажуваат јадро конзистетно со две неразјаснети компоненти одвоени 180km во линија со главната оска на поголемата кома од прав.“
Ова не е неочекувана промена. Астрономите претпазливо ја набљудуваа кометата по нејзиниот наблизок премин до Сонцето на 08.12.2019. Нормално е кометите да почнат со распаѓање кога достигнуваат перихел. Причината се мисли дека е испуштањето на гасови поради сублимацијата на мразот на кометата предизвикана од топлината од Сонцето. Ова исфрлање на гасови се мисли дека предизвикува забрзана ротација на кометното јадро, при што доаѓа до негова фрагментација зарди центрипетална нестабилност.
Не сите комети се распаѓаат на овој начин, па заради тоа астрономите чекаат да видат дали 2I/Borisov, комета откриена во Август минатата година со траекторија која укажува дека доаѓа надвор од Сончевиот Систем, ќе продолжи на својот пат или ќе го заврши своето долго патување.
Минатиот месец тим на полски астрономи предводен од Михал Драхус и Пјотр Гузик од Јагиелонскиот Универзитет приметиле дека на почетокот на Март кометата станала значајно посветла два пати во неколку дена. Ова однесување велат тие е „силна индикација за фрагментација на јадрото“.
Според новите набљудувања од 28 Март па навака кометата е на парчиња. „Двојната појава која укажува на исфрлање на фрагмент од јадрото е потврдена so HST сликите од 28.03.2020“ вели тимот на Џевит.
Овој процес можеби изгледа тажен за 2I/Borisov но е неверојатна можност за астрономите. Како што кометата се повеќе се фрагментира можеме да направиме слики на нејзиниот спектар кои ќе откријат од што е составена и колку е слична на кометите од Сончевиот Систем.
Досега набљудувањата откриваат дека бојата и составот на кометата се налик оние на кометите на работ на Сончевиот Систем. Ова е возбудливо бидејќи се мисли дека е возможно кометите на Сончевиот Систем да биле носители на некои од состојките за животот на Земјата. Ако 2I/Borisov е налик овие комети, можно е кометите да оденеле такви состојки и до други светови.
Астрономите дефинитивно ќе ја следат 2I/Borisov и веќе се планирани повеќе опсервации со Хабл за да се сними што повеќе од фрагментацијата.
Превод: Максим Осман-Николов
Извор: www.sciencealert.com