Погледнете го ова одлично видео, во кое на многу убав начин е прикажано кои горива се користат и како тие се распределени кај ракетите. Исто така, може да се види и потрошувачката на овие горива, во реално време.
На видеото се гледаат четири типови од едни од најпознатите ракети. Лево се Сатурн 5 ( Saturn V), до нив е Спејс Шатлот ( Space Shutle), па Фалкон Хеви (Falcon Heavy) и Спејс Лонч Систем (Space Launch System – SLS). Сите се лансираат од Кејп Кенеди во Флорида, од познатата лансирна рампа 39А.
Видеото е направено така да изгледа како ракетите да се транспаретни, и во нив се гледаат резервоарите со горива кои ги користат при лансирање. Со сина боја е означен течниот кислород, со црвена течниот водород, а жолтата е керозин, кој е специјално обработен за потребата на ракетните мотори.
Препорачуваме видеото да го гледате на што е можно поголем екран, и со што подобар звук.
Радан Митровиќ
Извор: https://www.youtube.com/watch?v=su9EVeHqizY