Кјуриосити направи снимка од разбранувано песочно море

0
Кјуриосити направи снимка од разбранувано песочно море

Фотографијата ја направи Кјуриосити со својата камера Навкам на 13 октомври. Локацијата е Pahrump Hills, основата на Mount Sharp. Извор: NASA/JPL-Caltech

На прв поглед изгледа како роверот Кјуриосити да се нашол во разбранувано море или езеро. Но, со малку повнимателно набљудување може да се забележи дека брановите се всушност површини од песок и прашина. Снимката е направена од страна на камерата Navcam кај подножјето на планината Mount Sharp на 13 октомври.

Роверот е конечно до својата зацртана дестинација, кон која целеше уште од самото слетување на Марс (Август 2012). Mount Sharp (или Острата планина) е висока 5.6 километри и се наоѓа во центарот на кратерот Гејл. Се очекуваат многу изненадувања од ова планинско место. Карпестите слоеви се еден вид историска книга преку која ќе можеме да дознаеме многу за геолошкото минато на Марс и тамошните можности за живот во минатото.

Кјуриосити неодамна во областа „Confidence Hills“ ја заврши четвртата по ред операција на бушење карпи. Примерокот е доста помек во составот, споредено со претходните примероци. Во лабораторијата на роверот ќе се испита од што поточно е составено подножјето на Острата Планина.

На оваа нова снимка може несомнено да се заклучи дека Марс е мошне ветровито место. Има многу докази за тоа наседе по површината на Марс, како песочни дуни, ерозии на мали ридови и сл.

Како што Кјуриосити ќе се движи кон Mount Sharp во идните месеци, а можеби и години, со сигурност можеме да очекуваме уште многу вакви прекрасни примероци од разновидните појави на површината на оваа планета.

Превод: Миахела Стојанова

Извор: www.space.com

Сподели.