Кина планира да инсталира радарска станица на Месечината – со човечка посада

0

Кинеската влада ги претстави плановите за изградба на постојана радарска станица на Месечината, којашто ќе ја набљудува Земјата. Проектот стартуваше оваа година со помош на средства од Кинескиот Национален фонд за природни науки. Предложениот објект вклучува сместување на астронаути и силна радарска антена со големина од најмалку 50 метри со која ќе се следат области од нашата планета поголеми од оние кои моментално ги опфаќаат сателитите.

Базата која би се користела за научни истражувања и надгледување на одбраната, може да прави и појаки и појасни слики на Земјата на високо фреквентни микробранови должини со кои радарската станица би можела да продре низ облаците, но и низ тлото на Земјата и на тој начин да овозможи набљудување на површината на морското дно, како и областите под површината на Земјата.

Радарот ќе генерира најмалкку 1.4 гигабајти податоци секоја секунда, волумен кој го надминува моменталниот опсег на вселенската комуникациска технологија, што нема да биде проблем, ако астронаутите на лице место ги обработуваат добиените информации. Што се однесува до трошоците на проектот Кина не сака да објави точна инфорација, но нагласено е дека проектот е „многу скап“.

Многу научници од светот се против овој проект и многу се скептични, тврдејќи дека тоа е трошење пари. Еден од нив, кој сака да остане анонимен поради осетливоста на темата, изјавил дека би било многу поевтино доколку Кина испрати во Вселената стотина шпиунски сателити коишто би ја вршеле истата работа, отколку да се оствари овој проект.

Се смета дека Кина со овој проект сака да покаже дека е способна да ја има водечката улога во повторната трка за Месечината, овојпат за изградба на научна база на неа.

Дизајнот на џиновската кинеска ракета е иста големина како и кај американската ракета Сатурн V со која Аполо е лансиран на Месечината. Плановите за реализација треба да бидат завршени до 2020-та година за да се започне со активностите во Вселената, вклучувајќи и спуштање на луѓе на неа.

Кинеските научни органи се оптимистични по прашањето за остварување на програмата и покрај загриженоста на останатите научници во светот.

Превод: Александра Бошкова

Извор: Astronomski Magazin

Сподели.