Касини долови восхитувачки фотографии од северниот пол на Сатурн

0
Касини долови восхитувачки фотографии од северниот пол на Сатурн

Севернииот пол на Сатурн и неговата бура во форма на шестоаголник

НАСА ги објави првите фотографии од орбитирањето на Касини во новиот прстен; фотографии добиени од досега најмала оддалеченост од овој гасовит џин.

Новата фаза од мисијата започна минатата недела кога леталото започна да се движи во орбита над северниот пол на планетата, познат по бурата во форма на шестоаголник кој ги менува боите. На 2-ри декември, Касини го фотографираше полот од 640.000 километри оддалеченост, помалку од двојното растојание помеѓу Земја – Месечина. Сликата беше фотографирана во четири различни бранови должини, што укажа на постоењето на различни типови на облаци и маглини на различна висина над северниот пол.

Следниот ден Касини леташе на 390.000 километри оддалеченост од Сатурн, каде беше во можност да направи неверојатни фотографии од џиновскиот шестоаголник.

Леталото сега е на надворешната страна на еден од главните прстени на Сатурн и лета над јужната хемисфера. Ова е првото од 20 недели долгото орбитирање кое ја носи мисијата поблиску до планетата. Сондата ќе ги фотографира малите сателити на Сатурн, тн. „сателити-овчари“ сместени во прстените, кои ја одржуваат стабилна формата на прстенот.

Во април Касини ќе се доближи поблиску до Сатурн продолжувајќи да орбитира и да ја истражува планетата во подготовка за неговото нурнување во атмосферата на Сатурн, планирана за 15-ти септември.

Касини долови восхитувачки фотографии од северниот пол на Сатурн

Северниот пол на Сатурн и неговата бура во форма на шестоаголник во различни бранови должини. Во насока на стрелките од часовникот, почнувајќи од горе лево: виолетова, црвена, блиско инфрацрвена и инфрацрвена бранова должина. Заслуги: NASA/JPL-Caltech/Space Science Institute

„Ова е тоа, почетокот на крајот од нашето истористо истражување на Сатурн. Овие фотографии и оние кои допрва ќе дојдат нека нè потсетуваат дека направивме храбар и смел авантуристички чекор околу највпечатливата планета во Сончевиот Систем,“ изјавила Керолин Порко (Carolyn Porco), лидерот на тимот за фотографирање од Касини.

Превод: Александра Бошкова

Извор: IFL Science

Сподели.