Еден од најдобрите кандидати за вонземски живот во нашиот сончев систем има знаци на течна вода

0

Чудните двојни гребени на површината на Јупитеровата ледена месечина-Европа, би можеле да бидат знаци за плитки резервоари со вода.

Анализата на слични карактеристики на ледената покривка на Гренланд покажува дека, овде на Земјата, овие гребени можат да се создадат од џебови со течна вода присутна во самиот мраз.

evropa 1Ова откритие нуди нов увид во геофизичките процеси кои го обликуваат замрзнатиот свет. Исто така, сугерира дека вонземскиот живот, доколку постои на Месечината, можеби нема да биде на десетици километри под мразот на Европа, туку можеби ќе е многу поблиску.

„Бидејќи е поблиску до површината, каде има интересни хемикалии кои доѓаат од вселената, другите месечини и вулкани на Ио, постои можност животот да се развие ако има вирчиња со вода во кората“, вели геофизичарот Дестин Шредер од Универзитетот Стенфорд.

„Ако процесот што го гледаме на Гренланд е како тоа што се случува на Европа, тоа повлекува дека има вода насекаде“.

Европа е преполна со енигми. Доказите сугерираат дека студеното тело не е целосно замрзнато, туку има течен, солен океан загреан од внатрешни геолошки процеси под неговата дебела обвивка од мраз.

Тоа е најдоброто место во Сончевиот систем за да се бара вонземски живот, собран околу вулканските отвори на дното на океанот како оние овде на Земјата.

Меѓутоа, не знаеме многу за месечината. На пример, на површината има огромни двојни гребени, кои се протегаат по двете страни на долгите корита. Како овие гребени се формирани беше мистерија се откако првпат беа откриени на сликите направени од сондата Галилео во 1990-тите.

evropa 2

3D реконструкција на двоен гребен на Европа, од снимките на Галилео. (NASA/JPL/DLR)

Како што често се случува во науката, можеби случајно најдовме одговор.

Шредер и неговите колеги, геофизичарите Рајли Кулберг од Стенфорд (кој ја водеше студијата) и Грегор Штајнбриге од Лабораторијата за млазен погон на НАСА, присуствувале на презентација на тема Европа кога забележала дека двојните гребени се чудно познати.

Тие изгледаа како џиновски верзии на гребените што ги забележале на глечерот на Гренланд за време на нивен престој за време на неповрзан проект.

„Луѓето ги проучуваат овие двојни гребени повеќе од 20 години, но ова е прв пат навистина да можеме да видиме нешто слично на Земјата и да видиме како природата ја прави својата магија“, рече Штајнбриге.

„Ние правиме многу поголем чекор во насока на разбирање кои процеси всушност се клучни во физиката и динамиката на ледената обвивка на Европа.

Иако се многу помали од карактеристиките на Европа, гребените на Гренланд се чинеше дека се речиси исти. Така, тимот започна да истражува како се формирале гребените на Гренланд.

Тие ги проучувале податоците собрани од Операцијата IceBridge на НАСА, која користи радарска технологија за да види што се случува под мразот. Податоците на тимот одат назад до 2015 година, во тој момент гребените не беа формирани, се појавија во 2017 година.

Овие податоци открија дека гребените на Гренланд се формирале кога џебот со вода пак замрзнале во внатрешноста на ледената покривкаи ширејќи се предизвикал пукнатина на ледената покривка. Ова го произведува двојниот врв во облик на М во мразот – и можно е слични процеси да се случуваат во Европа, рече тимот.

„Во Гренланд, овој двоен гребен е формиран на место каде што водата од површинските езера и потоци често истекува на блиската површина и повторно замрзнува“, објасни Кулберг.

„Еден начин на кој би можеле да се формираат слични плитки водни џебови на Европа може да биде преку вода од подповршинскиот океан да се навлезе во ледената обвивка преку пукнатини – што би сугерирало дека може да затворен циклус што се случува внатре во ледената обвивка.

Исто така, сугерира дека плитката вода, и нејзините процеси, може да бидат сеприсутни низ површината на Европа, т.е дека во обвивката од мраз што се обвиткува околу Месечината, обликувајќи нејзината чудна географија.

Ова може да има импликации во потрагата по живот во вонземскиот свет, но нема да знаеме повеќе додека вселенските летала опремени со радар не извршат набљудувања од орбитата на Европа, за да се споредат со радарските податоци на Гренланд. За среќа, наскоро ќе бидат лансирани две мисии за истражување на Месечината, JUICE на ESA и Europa Clipper на НАСА, и двете носат радар што продира во мраз.

Тие треба да откријат повеќе за тоа што ги предизвикува чудните, двојни гребени на површината на ледената месечина.

„Ние сме уште една хипотеза над многуте – само имаме предноста што нашата хипотеза има некои набљудувања од формирањето на слична карактеристика на Земјата за да ја поддржат“, рече Калберг. „Се отвараат нови можности за многу возбудливо откритие.

Истражувањето е објавено во Nature Communications.

Превод: Христијан Петрески

Извор: sciencealert.com

Сподели.