Како влијанието на Сонцето врз Уран делува на неговата осветленост во небото

0

Уметнички приказ на Уран со сонцето во позадина. Заслуги: Shutterstock

Промени на соларна активност влијаат на боите и формацијата на облаци околу планетата. Оваа замрзната планета е втората најдалечна од Сонцето во Соларниот Систем и една Уранска година е 84 Земјини години. Истражувања пронашле дека, земајќи ги во предвид долгите и чудните планетарни сезони, планетата се затемнува и осветлува во циклус од 11 години. Ова е регуларниот циклус на соларна активност која исто влијае на сончеви пеги.

Атмосферата на Уран е една од најладните во Соларниот Систем, но сепак содржи облаци и мраз како таа на нашата планета. Промените на планетарната осветленост ни покажува дека нешто се случува со облаците. Промената била предизвикана од две процеси.

Едниот процес е хемиски. Промени на нивоата на ултравиолетова сончева светлина ја менуваат бојата на честички во атмосферата. Другата причина е високо-забрзани честички кои потекнуваат надвор од Соларниот Систем, галактички космички зраци кои ја погодуваат атмосферата и влијаат на формацијата на облаци. Овие заклучоци се добиени со податоци од телескопи на Земјата и мерења на космички зраци од Војаџер 2.

Сонцето има магнетно поле кое пренасочува космички бранови настрана од Соларниот Систем, вклучувајќи ја Земјата. Оваа заштита е намалена кога соларната активност е најмала на 11 години, значејќи дека поминува повеќе космичка радијација. Атмосферата на Уран, слично како на Нептун, е ефективно голема маглена комора која може да реагира на енергетски честички кои влегуваат.

Истражувањата на оваа тема се објавени од истите автори кои покажале исти ефекти во атмосферата на Нептун, најдалечната планета од Сонцето. Истражувањата докажуваат дека две планетарни атмосфери имаат слични промени кои потекнуваат од нивната матична ѕвезда.

Превод: Јован Милосковски

Извор: Phys.org

Сподели.