Како навистина изгледа сенката на Земјата

0

Земјината умбра креирана од слики од Месечината при еклипсата. Заслуги: Том Харидан

Најдолгото лунарно затемнување на XXI век заврши, треската помина, и се што остана се сеќавањата и сликите кои може да ги најдете насекаде онлајн. Но една слика навистина ни го привлече вниманието – не заради тоа како изгледа Месечината на неа, туку Земјата.

Австралискиот астроном аматер Том Харадин одсекогаш сакал да направи фотографија на Земјината умбра – најтемниот внарешен регион на сенката. Но, за време на затемнувањето Месечината не минува низ целата сенка на Земјата. Му бил потребен трик за да ја прикаже целосно.

„Еден начин на кој може да се добие целосниот круг на умбрата од едно затемнување е вештачки да се лоцираат и ротираат сукцесивните слики од затемнувањето за границата на сенката да форимра круг“ вели Том Харадин. Според него – „Трикот е да се одржи закривувањето на сенката што е попрецизно возможно. Кои слики ќе се одберат зависи од уметничката волја. Јас одбрав спирален ефект не само за да ја покажам умбрата туку и да ја прикажам прогресијата на затемнувањето низ времето.“

Резултатот беше оваа слика, комбинација од малку фото подесување и специјални трикови со камера – одржување на експозицијата на камерата, ISO, и f-stop подесувањата исти за сите освен првите три слики од затемнувањето (светлите) со цел фокусот да биде на сенката, а не на Месечината. Со помош на овие слики и точно ја пресметал ширината на Земјината умбра на растојанието на Месечината, околу 9000 km.

Анотирана верзија со пресметка за големината на Земјината умбра. Заслуги: Том Харидан

Иако било облачно на полноќ, кога се разбудил во 03:30 Саботата 28 Јули (GMT+10) небото било потполно чисто. Брзо го земал својот Добсонов телескоп и успеал да го фати затемнувањето взори. Му било потребно да го фотографира само половина од затемнувањето за да ја создаде сликата. Покрај затемнувањето успеал и да ја набљудува Меѓународната вселенска станица која поминала низ Земјината сенка во 05:35 (GMT+10) и направил неколку одлични слики од Марс на 31.07.2018.

„Беше неверојатно да се види Меѓународната вселенска станица како изглегува од истата сенка која ја затемнува и Месечината“ – изјави за Гизмодо. Сенката зафаќа различен простор на небото во однос на станицата наспроти Месечината бидејки станицата е илјада пати поблиску.

Извор: Gizmodo

Превод: Максим Осман-Николов

Сподели.