Како митовите и таблоидите се хранат со аномалиите во науката

0
Како митовите и таблоидите се хранат со аномалиите во науката

Потребата за претпазливост кога некоја аномалија се открива при ново истражување. Заслуги: Flickr/Адам Џерард, CC BY-NC-SA

Разбирање на поимот истражување: Што се всушност истражувањето подразбира и како ни помога во поглед на информирање и разбирање на нештата? Што ако истражувањето даде резултат кој повикува на нов начин на размислување? Како да се справиме со тоа?

Постојат многу заблуди во врска со науката, вклучувајќи и го и тоа како науката напредува. Една полувистина е дека неочекуваните наоди од истражувањата произведуваат кризи, што доведуваат до нови теории кои ги поништуваат претходните научни сознанија.

Понекогаш науката напредува по одреден правилен редослед. Но не многу често. Претпоставката дека науката е секогаш толку едноставна создава плодна почва за нејзино грешно толкување и ги потхранува оние кои ја напаѓаат, почнувајќи од космологијата, па до климатските промени.

Спротивно на митот, повеќето аномални наоди имаат скромни последици. Поголемиот дел од тие наоди се обично резултат на грешки во податоците, методологијата или недоразбирања околу заклучоците изведени од постоечките теории.

Дури и кога аномалиитe би алармирале на радикални промени, многу е ретко тие целосно да ги шокираат научните кругови.

Чудни сили и “Пионерите”

Во 1970-тите, вселенски летала на НАСА, Пионер 10 и 11, прелетаа покрај Јупитер и Сатурн пред да поитаат кон меѓуѕвездениот простор. Како што се оддалечуваа од Сонцето, беше забележана чудна таканаречена „аномалија Пионер“, која благо ги забавуваше. Што се случуваше? „Аномалијата Пионер“ доведе до стотици документи со многу шпекулации за модифицирани форми на гравитација и релативност.

Уметнички приказ на Пионер 10 кој се оддалечува од Сончевиот систем. Заслуга: НАСА/Доналд Дејвис

Во принцип, Пионерите можеа да ги мерат малите забрзувања пловејќи низ Вселената. Но, тие никогаш не биле дизајнирани за прецизни тестови на релативитетот, ниту биле тестирани (пред да започне мисијата), за да се види дали леталaта самите ги произведуваат тие забрзувања.

По неколку децениски студии се чини дека „аномалијата Пионер“ нема никаква врска со новата физика. Пионерот генерира топлина, а затоа и инфрацрвена светлина (фотони), кои суптилно го туркаат леталото (вклучително и преку рефлексии). „Аномалијата Пионер“, наместо да предизвика криза во новата физика, е триумф на векови старата физика.

Други аномалии се појавија и исчезнаа на сличен начин. Но, и покрај оваа историја, медиумските известувања за резултатите од овие аномалии многу почесто нагласуваат колку законите на физиката можат да се поништат, отколку веројатноста за појава на аномални резултати кои исчезнуваат. „Ајнштајн греши!“ работи како клик-мамка за ударните наслови, но обично не е точна.

Лична приказна за темната материја

Мерев како галаксиите растат, а на крајот на 20-от век нешто многу не беше во ред со истражувањето на растот на галаксиите.

Симулациите предвидоа дека најголемите галаксии треба да растат побрзо, од причина што нивната огромна гравитација би го вовлекувала гасот и соседните галаксии. Но, излезе токму спротивното – многу набљудувачки студии докажаа дека масивните галаксии скоро и да не растат. Што се случува со целата таа гравитација?

Некои шпекулираа дека парадигмата за темната материја е во неволја. Можеби галаксиите биле помалку масивни од тоа што луѓето го замислуваа. Но наместо да се изведуваат радикални промени, оваа „криза“ стана далечна и полека избледе.

Во 2007 година искористив многу примероци на далечни галаксии за да го откријам бавниот раст на масивните галаксии, а други ги ублажија грешките кои ги попречија набљудувачките студии на галаксиите во раст. Набљудувачкиот доказ за темната материја исто така се подобри, вклучувајќи ги и космичките микробранови позадински мерења и масивната дистрибуција во судирачките јата.

Како што се подобруваше компјутерската моќ и симулациите вклучуваа покомплицирана астрофизика, како супернови и црни дупки, растот на симулирани галаксии забави. Така, јазот помеѓу симулацијата и набљудувањето се затвори.

Не толку брзо, големо момче! Најголемите галаксии не растат толку брзо како што астрономите првично очекуваа. Заслуги: Sloan Digital Sky Survey / Мајкл Браун

Падот на оваа аномалија не беше така чист како тој на Пионеровата. Имаше постепени подобрувања, како во симулациите, така и во набљудувањата, и ниту една самостојна студија не ги поврза сите лабави краеви.

Оваa постепена идентификација и решавање на аномалните резултати не генерира секогаш спектакуларни наслови, но тоа е честа појава во напредокот на науката.

Простор за радикални промени

Додека повеќето аномални резултати неславно завршуваат и исчезнуваат, некои предизвикуваат радикални промени.

Разбирањето на светот се измени кога научните набљудувања и теории ги заменија преднаучните идеи. На пример, планетарните набљудувања на Галилео резултираа со хелиоцентричен модел на Сончевиот систем (со Сонцето како центар), во замена за геоцентричниот модел (со Земјата како центар).

Вистински радикални промени, исто така, може да се случат кога многу ограничени податоци ја поддржуваат претходната хипотеза. Бери Маршал и Робин Ворен ја добија Нобеловата награда за медицина во 2005 година за утврдување дека повеќето стомачни чиреви се предизвикани од бактерии, а не од стрес. Дека стресот предизвикува чиреви беше општо прифатена теорија со децении, но всушност никогаш не беше систематски тестирана.

Теориите на Ајнштајн имаа огромни импликации во физиката, но не ги шокираа, ниту превртија сите претходни научни сознанија. Заслуги: НАСА

Како што науката станува се позрела, со изобилие од поддржани податоци, импликациите на аномалните резултати стануваат се повеќе ограничени. Еден пример за ова е Ајнштајновата Општа теорија на релативитетот, која беше (делумно) мотивирана од чудните мерења на брзината на светлината и на однесувањето на орбитата на Меркур.

И покрај тоа што Општиот релативитет имал огромно значење за физика, тој не ги измени, ниту негира сите претходни откритија во физиката. Равенките на Максвел за електромагнетизмот сè уште се во употреба, a механиката на Њутн обезбедува добра апроксимација на тоа како сателитите орбитираат околу Земјата.

Јаболкото можеби падна на главата на Њутн, но Ајнштајн не направи тоа да одлета.

Ледените аномалии и таблоидите

Додека аномалните научни резултати може да оставаат впечаток на љубопитност, тие се главни во јавните дебати за науката. За да видите зошто, одете на југ!

Температурите се зголемија во текот на минатиот век како резултат на зголемување на атмосферскиот CO2. Доказите вклучуваат (но не се ограничени на) лабораториски мерења на CO2, мерења на атмосферскиот CO2, спектарот на свтелината со која се зрачи Земјата, планетарените температури и на патеката на зголемување на температурата во светот.

Зголемување на морскиот мраз околу Антарктикот има помалку импликации за глобалното затоплување отколку што некои мислат. Заслуги: Brocken Inaglory/Wikimedia Commons

Како последица на тоа, Арктичкиот мраз се намалува, Антарктикот и Гренланд го губат земјениот мраз и нивото на морињата се зголемува, а сепак морскиот мраз во областа околу Антарктикот се зголемува.

Зголемувањето на Антарктичкиот морски мраз е предмет на бројни статии од Андреј Болт, новинар од Хералд Сан (Herald Sun) и Дејвид Роуз од Дејли Мејл (Daily Mail), меѓу останатите. Некои новинари веруваат дека ова зголемување на морскиот мраз е главниот недостаток во глобалното затоплување. Но, што што можеме да заклучиме од овој аномален резултат?

Светот не станува постуден, така што тоа не го објаснува зголемувањето на Антарктичкиот мраз. Со оглед на тоа што симулациите не го предвидоа зголемувањето на Антарктичкиот морски мраз, тие, исто така, не го предвидоа и неочекувано брзото намалување на Арктичкиот мраз.

Областа на морскиот мраз зависи од температурата на воздухот, ветровите, океанските температури и струи, кои го комплицираат моделирањето на морската ледена област.

Дадена симулација која го моделира ефектот на стаклена градина може да не успее правилно да ја предвиди ледената морска област ако претходно точно не се моделираат океаните и поларните ветрови. Иако научниците се свесни за тоа, овие „мали“ работи често се отсутни од таблоидните медиуми и блогосферата.

Таблоидните медиуми и блогосферата премногу често паѓаат на едноставноста на митот, претпоставувајќи дека аномалните резултатите ќе ја побијат добро етаблираната наука. Овој пристап е добар за ударни наслови и добивање политички поени, но историјата ни кажува дека науката е многу ретко брзо превртлива на начин на кој некои посакуваат да биде.

Извадоци од серијалот ‘’Разбирање на истражувањето’’ од Мајкл Џ.И. Браун.

Превод: Боро Костевски

Извор: IFLS

Сподели.